„Светлозарен Клименте, од запад засветли повеќе од сонцето, испуштајќи зраци од твоите зборови и просветлувајќи ги краиштата на вселената и, откако стана непоколеблива кула на Црквата и неподвижен столб, блажени, и со твоите покајни зборови го сврте сето напредување на еретиците“ (хвалитна стихира на Утрена на св. Климент Охридски Чудотворец).

 

Пастирот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, таткото на Охридската Црква, светиот Климент Охридскиот Чудотворец, и оваа година беше торжествено прославен во манастирот, кој по неговите молитви стана духовно лечилиште за оние кои му пристапуваат со вера. Празнувањето на неговиот спомен започна ден претходно, на 07.12.2018 година, во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Ристо Ристовски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Сашо Целески и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Вечерната богослужба, беше отслужен Молебен на свети Климент Охридски, пред неговите свети мошти.

Running sports | Supreme x Nike Air Force 1 Low 'Box Logo - White' — Ietp

 

Торжествата продолжија на 08.12.2018 година, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Ристо Ристовски, свештениците Атанас Казанџиски, Љупчо Бакрачески, Александар Димоски и Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Предвечната Божја промисла, го создаде човекот како круна на сè создадено. Затоа, во Библијата се вели: „Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие"(1 Мојс 1, 26). Човекот, како психофизичко и разумно битие, даруван е со големи Божји дарови. Првите луѓе биле населени во рајот, бивајќи постојано во заедница со Создателот на сè видливо и невидливо. Но, поради гордоста и непослушноста, ќе ја изгубат таа состојба и ќе бидат протерани од рајот. Не само што ќе бидат протерани, туку, ќе добијат проклетство во пот и мака да го заработуваат лебот. Така, човечкиот род се множел во страдања и маки и сè повеќе се оддалечувал од Бога.


Но, Семилостивиот Бог, се сожалува на родот човечки и Го испраќа Својот Единороден Син Господ Исус Христос, да дојде на овој свет, преку раѓањето од света Дева Марија. Ќе живее, ќе проповеда, ќе учи, ќе прави чуда, а сè со цел, луѓето да се поправат и да се вратат кон Бога, кон правдата, кон вистината, кон љубовта и кон сè она што го краси човечкиот образ. За тоа Самиот Господ Исус Христос ќе каже дека Он е пример на Кого треба да се угледаме, бидејќи „Он не прави грев, ниту, пак, во устата Негова се најде измама"(1 Птр 2, 22). Он, со Својот живот, ни даде пример за подражавање. Пример, за да можеме со вера да гледаме во Него и да ги отфрлиме сите нечистотии, коишто се прилепуваат кон нашите души. Затоа, Самиот Христос вели: „Затоа ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас"(Јн 13, 15). Он пројавува љубов, смирение, трпение, кротост, милосрдие. Ги пројавува та и ние да постапиме според Него, бидејќи Он ни вели: „Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши"(Мт 11, 29). Затоа и светите апостоли ни го посочуваат животниот Христов пат за подражавање. „Христос пострада за нас, оставајќи ни пример, за да врвиме по Неговите стапки"(1 Птр 2, 21). Додека, пак, св. ап. Павле, апостолот на народите вели: „Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос"(Фил 2, 5). Нашиот Спасител Господ Исус Христос, она што го проповедаше со зборови, го покажа и со Својот пример. Затоа, ни заповеда и ние да се поучиме од Неговиот пример и Он да ни биде образ и така да постапуваме.


Од сето до сега кажано, треба да заклучиме дека, ние, како христијани, треба да го следиме моралниот закон кој ни е даден уште со нашето создавање. Тоа е нашата совест. Секогаш треба совеста да ја слушаме и да ја споредуваме со волјата Божја. Да споредиме дали една постапка, којашто треба да ја направиме во нашиот секојдневен живот, ќе биде во согласност со Божјата волја. Волјата Божја, пак, никогаш не нè упатува да правиме зло, како на себе, така и на нашите ближни. Доколку го слушаме тој глас на совеста, секогаш ќе се угледуваме на Христа и на Неговите угодници – нашите свети отци, пастири и учители, маченици и преподобни, кои го ускладиле нивниот живот според учењето и според заповедите на нашата света Црква.


Дека сето тоа е можно да се исполни, најдобро ни сведочат Божјите угодници, почнувајќи од апостолите, па преку мачениците, особено во првите векови на христијанството, кога христијанството било страшно прогонувано. Мачениците во првите три века ги исполнувале сите закони на многубожечките Римски императори. Служеле војска, плаќале данок, слугувале, робувале, но кога од нив се барало да се откажат од Христа и да принесат жртви на идолите, тие категорично одбивале, бидејќи тоа не е според волјата Божја. Еден е Бог! Тоа ќе го посведочат низ целокупната историја и останати Божји угодници, како што се нашите сесловенски учители и просветители, а особено светиот Климент Охридскиот Чудотворец, чиј спомен денес го чествуваме.


Да се обратиме со искрена молитва кон патронот на овој свет манастир, заштитникот на нашиот град и раководителот на нашата Црква. Тој да биде наш духовен раководител, поткрепител и заштитник на нашата вера. Да одиме по вистинскиот пат и да го слушаме гласот на совеста, па да не се оддалечуваме од волјата Божја, туку, да живееме и да твориме добри дела. Дела, кои ќе Му бидат угодни на Бога, а спасоносни за нашите души. Амин!

 

Св. Климент Охридски
08. 12. 2018 год.
Манастир „Свети Климент и Пантелејмон" – Плаошник

 

svklimzim2018 1svklimzim2018 2svklimzim2018 3svklimzim2018 4svklimzim2018 5svklimzim2018 6svklimzim2018 7svklimzim2018 8svklimzim2018 9svklimzim2018 10svklimzim2018 11svklimzim2018 12svklimzim2018 13svklimzim2018 14svklimzim2018 15svklimzim2018 16svklimzim2018 17svklimzim2018 18svklimzim2018 19svklimzim2018 20svklimzim2018 21svklimzim2018 22svklimzim2018 23svklimzim2018 24svklimzim2018 25svklimzim2018 26svklimzim2018 27svklimzim2018 28svklimzim2018 29

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5