Македонската православна црква - Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, има особена чест да Ве покани на промоција на книгата ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКА ЕПАРХИЈА (1967-2017), на 16 декември 2018 година, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид. Овој голем ден за нашата Епархија, но и за нашата Македонска црква, ќе започне со Утрена богослужба во 07.30 часот, а во 08.45 часот ќе биде дочекот на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, заедно со Архиереите на МПЦ-ОА. Во 09.00 часот ќе започне светата архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администартор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на останатите Архиереи на МПЦ-ОА, а во присуство на Архиепископот Стефан. Во 11.00 часот ќе биде промовирано капиталното дело ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКА ЕПАРХИЈА (1967-2017), кое претставува шематизам на Дебарско-кичевската епархија, а кое се издава по повод 50 години од формирањето на Дебарско-кичевската епархија. Промотори на делото ќе бидат: академик Таки Фити, Претседател на МАНУ и Епископот Хераклејски г. Климент. Со Вашето присуство уште повеќе ќе го збогатиме овој настан, а сите заедно, преку учеството на Литургијата и учеството во светиот Путир, ќе се покажеме како едно тело, чија глава е Христос, нашиот Спасител. 

url clone | Nike nike air max paris 1 patch 2017 , Sneakers , Ietp STORE

 Насловна ДКЕ

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3