На 12.02.2019 година, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија Охрид, беше одржана редовна седница на Епархискиот управен одбор на ДКЕ Охрид, под претседателство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. На седницата беше одобрена Завршната сметка на Епархијата за 2018 година, а беше одобрен и Предлог-буџетот на Епархијата за 2019 година. На истата беа разгледани и повеќе пристигнати акти и писма, а се разговараше и за повеќе тековни работи, како и планови за тековната 2019 година. На седницата, присуствуваа сите членови, во состав:
- архимандрит Нектариј (Најдоски) - Охрид
- протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески - Охрид
- протоереј Васко Голабоски - Струга
- Д-р Светослав Маџаров - Охрид
- Д-р Сашо Цветковски - Струга
- Г-дин Владимир Толески - Кичево и
- протоереј-ставрофор Никола Христоски, во својство секретар на ЕУО на ДКЕ Охрид и записничар на седницата.