„Кој збор ќе биде доволен да ја искаже благодатта на бесребрениците за исцеленијата? Зашто, после Бога, тие се лекари и спасители на целата вселена“ (светилен на Утрена на св. бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, кои биле мачени во Рим).

 

На 14.07.2019 година, на денот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан - св. Врачи, во храмот „Св. Козма и Дамјан“ („Св. Врачи“) во Пештани, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Ристе Ристески и Ефтим Бетински, свештеникот Атанас Казанџиски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

latest Nike Sneakers | Nike Air Force 1 , Sneakers , Ietp STORE

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Науката на нашиот Спасител Господ Исус Христос е наменета за сите луѓе и сите народи. За тоа ни сведочи денешното неделно Евангелие, кое го слушнавме за време на светата литургија – Мт. 5, 8-12. Господ Исус Христос, симнувајќи се од Елеонската гора, каде што ги изговорил поуките на блаженствата пред своите апостоли и многубројниот народ, одејќи по пат кон Капернаум, го сретнал еден болен Евреин, кој страдал од тешката и во тоа време неизлечива болест лепра. Тој Го замолил Господа Христа да го излекува. Христос се смилувал над овој страдалник и го излекувал од опаката болест. Влегувајќи, пак, во градот Капернаум, Христос бил пресретнат од еден стотник, односно римски воен старешина, кој Го замолил за неговиот слуга кој лежел болен и побарал од Него да го излекува. Треба да кажеме дека овој стотник бил многубожец. Тој бил римски граѓанин. Ваквите луѓе биле сметани од Евреите за окупатори и најголеми непријатели. Но, Господ Исус Христос му вели на стотникот: „Ќе дојдам во твојот дом да го излекувам". Тој, пак, Му одговорил на Христа: „Не сум достоен да влезеш под мојот покрив, туку кажи само збор и слугата мој ќе оздрави". Христос е воодушевен од верата на овој незнабожец и со восхит им вели на Своите апостоли кои Го следеле: „Ваква вера не најдов ниту кај избраниот народ". По ова, му одговорил на стотникот: „Нека ти биде според твојата вера". Евангелието вели дека во тој миг слугата оздравел. Со ова исцеление Господ Христос покажува дека Тој е Спасител на севкупниот човечки род и не е дојден само кај избраниот народ. Тој доаѓа пред сѐ за нив, но никако не ги остава и останатите народи и луѓе кои поведувале во Неговата наука. Ниеден народ не бил толку подготвуван за одреден настан, како Еврејскиот избран народ за доаѓањето на Месијата Христос како Спасител на родот човечки. Еврејскиот народ бил подготвуван преку долгата многувековна историја, преку пророци, цареви и помазаници. Но, за жал, тој избран народ ниту Го препознал, ниту Го признал Месијата, па затоа и Христос претскажал дека нивниот дом ќе остане пуст, најавувајќи го со тоа разурнувањето на Ерусалим и расејувањето на Еврејскиот народ по целиот свет.


Ние денес прославуваме и двајца бесребреници Козма и Дамјан, кои се одликувале со благороден и хуман живот. Поради нивната силна и непоколеблива вера, Бог ги обдарил со мудрост и знаење да прават разни лекарства од лековити билки и да им помагаат на луѓето кои имале различни маки и страдања. Отсекогаш и секаде сите лекарства биле добро наплатувани од страна на луѓето кои ја познавале таа вештина и наука. За разлика од обичните лекари, овие двајца бесребреници сето тоа го правеле без никаков надомест и без почести и слава. Тие силно верувале дека она што го прават не е заслуга на нивното знаење и умеење или вештина во подготвувањето на лекарствата, туку дека е милост Божја која се пројавува преку нив, за помош на страдалниците во овој свет. Затоа Бог ги прославил и нивното име се возвеличува во целата вселена и насекаде во Црква Христова.


Прославувајќи го нивниот спомен, и ние како верни чеда на Црквата Христова, да пројавиме силна и непоколеблива вера како римскиот стотник, па така да измолиме милост Божја за спасение на нашите души, за блажен и вечен живот во сите векови. Амин.


Свети Врачи Козма и Дамјан
Храм „Св. Козма и Дамјан" Пештани, Охрид
14.07.2019 год. 

 

svvraciletni2019 1svvraciletni2019 2svvraciletni2019 3svvraciletni2019 4svvraciletni2019 5svvraciletni2019 6svvraciletni2019 7

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3