„Вие, бесребреници, се просветливте како добросјајно злато, со божествената благодат на исцеленија збогативте мнозина. Затоа имајте милост кон нас, кои сме бранувани од лути напади на искушенија“ (песна од канонот на Утрена на свети бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан).

 

На 14.11.2019 година, на денот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, во храмот „Св. Козма и Дамјан“ („Св. Врачи“) во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештениците Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Nike sneakers | Nike Shoes, Sneakers & Accessories

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Денеска нашата света Црква прославува двајца угодници Божји кои добиле епитет „бесребреници". Тоа се браќата Козма и Дамјан. Нашиот Спасител Господ Исус Христос постојано нѐ поучува како треба да се бориме против гревот, ако сакаме да бидеме Негови вистински следбеници и проповедници. Затоа секоја христијанска душа во својот живот е изложена на разни искушенија и страдања, кои придонесуваат да отстапиме од патот којшто е определен од Бога а води кон вечен и блажен живот. Постојат многу гревови кои не оттргнуваат од нашето спасение. Но, почеток на гревот е гордоста кај луѓето. Гордоста не му дава на човекот реално да го согледа својот однос, како кон своите блиски со кои секојдневно се среќава и комуницира, така и кон Бога и кон Неговата спасоносна Евангелска наука. Гордиот човек живее во еден нереален свет кој самиот го создава и перцепира, па затоа сите околу себе ги потценува, презира, омаловажува, а себеси се претставува како најдобар и најспособен во секоја област и на крајот и безгрешен. Кога човек ќе биде обземен од овој грев со целокупното свое битие, тогаш многу полесно тој создава благопријатна почва и за многу други гревови, кои наоѓаат сместување во неговиот ум, срце и душа. Еден од таквите кој најчесто не демне нас луѓето, а не секогаш е директно поврзан со гордоста е среброљубието. Затоа Господ Христос вели: „Кој сака да врви по Мене, нека се откаже од себе и нека го земе својот крст и нека оди по Мене". (Мк. 8, 34) Ваквото откажување од себе што го бара Христос, не значи дека ние не треба да водиме грижа за нашиот живот, за нашите семејства, за нашите деца и за сѐ она што е неопходно и потребно за наше психофизичко, нормално и христијанско живеење како чесни и искрени луѓе и верници. Христос од нас бара нашето срце и нашите постапки да не бидат прекумерно приврзани за земниот живот на сметка на духовниот, односно животот да не се сведе на сецела грижа за телото, а запоставување на душата. Човек оптоварен со гревот на среброљубието ги игнорира сите духовни вредности и севкупниот свој човечки потенцијал го усмерува и троши само во создавање на земни блага, кои не му носат полза и спасение на неговата душа. Ние од Евангелската парабола знаеме за богатиот човек кој ѝ рекол на својата душа: „Душо, имаш многу добра, приготвени за многу години; јади, пиј и весели се! Но Бог му рече: Безумниче, ноќеска ќе ти ја земам душата. На кого сето тоа ќе му го оставиш?" (Лк. 12, 20-21).


Токму овие примери од Евангелието не поучуваат и нас да водиме повеќе грижа за душата и духовните вредности, отколку за телото и земните угодности.


Светите бесребреници Козма и Дамјан и покрај тоа што имале можност добро да спечалат и да се збогатат во овој свет со познавањето на медицината и лекарствата, тие дале завет и пред Бога и пред себе, од никого да не примаат ништо материјално, ниту, пак, да слушаат пофалби и благодарности. Тие биле цврсто уверени дека заради нивниот искрен и чесен живот и нивните молитви, Бог им дал таква исцелителна сила на лекарствата што тие ги подготвувале од различни билки и дека тоа не е само нивна мудрост, умешност и вештина. Затоа Бог делувал преку нив, помагајќи му на родот човечки и поучувајќи нѐ да водиме повеќе грижа за душата отколку за телото. По молитвите на светите Козма и Дамјан, така нека биде. Амин.


Свети Козма и Дамјан
Храм „Свети Врачи - Козма и Дамјан", Охрид
14.11.2019 год. 

 

svvracizim2019 1svvracizim2019 2svvracizim2019 3svvracizim2019 4svvracizim2019 5svvracizim2019 6svvracizim2019 7svvracizim2019 8svvracizim2019 9svvracizim2019 10svvracizim2019 11svvracizim2019 12svvracizim2019 13svvracizim2019 14svvracizim2019 15svvracizim2019 16svvracizim2019 17svvracizim2019 18svvracizim2019 19svvracizim2019 20

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3