„Телото си му го покорил на умот, божествени пророче Илија, полагајќи ги во твоето срце искачувањата ревносно по скалила. Затоа си го изобличил и неправедниот цар, кога му ја пренесе заканата на гневот Божји, и безбожните свештеници си ги погубил со нож како неправедни, и сите си ги научил да викаат: Навистина единствениот Бог е Оној што Илија Го проповеда“ (литијна стихира од Вечерна на свети пророк Илија).

 

Празнувањето на светиот пророк Илија и на преподобните пречистански маченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, започна ден претходно, на 01 август 2015 година, со свечена Вечерна богослужба во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритот Нектариј, свештениците Никола Христоски, Владо Недески, Дарко Милев и Александар Матески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Александар Крстаноски. По завршувањето на Вечерната, беше отслужен и парастос за сите оние кои ги положиле своите животи за зачувување на Црквата и Татковината.

best Running shoes brand | Air Jordan

 

Празнувањето на овој голем христијански, но и државен празник, продолжи утредента со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Агатангел, архимандритот Нектариј, свештениците Никола Христоски, Владо Недески, дарко Милев и Александар Матески, еромонахот Ефросиниј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески, Васил Ристовски и Александар Крстаноски. Во овој ден се возрадува и присутниот кичевски народ, кој доби нов духовен водач и учител. Имено, ѓаконот Александар Крстаноски беше ракоположен во свештенички чин од страна на нашиот надлежен Митрополит Тимотеј, а со тоа ја зеде врз себе и обврската и даде заклетва дека секогаш верно ќе и служи на Црквата и ќе се грижи за секоја му доверена христијанска душа. Отец Александар е роден во Кичево, каде и го завршува средното образование, а сега е дипломиран теолог, кој зад себе има и професорско искуство, како професор во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Моемнатално е и на постдипломски студии на Филолошкиот факултет во Скопје. Од името на нашиот Митрополит, како и од името на целата Епархија, му го честитаме свештеничкиот чин на отец Александар, со желби и молитви правилно да раководи со повереното му стадо и да се удостои за Царството Небесно.

 

По завршувањето на Литургијата, беше прочитан и Молебен, упатен кон преподобните пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, во кој ги повикавме да се застапат за нашите души и тела, да не чуваат на вистинскиот пат и секогаш да бидат наши застапници. По завршувањето на Литургијата, беше прочитано и Иленденското послание, испратено од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, во кое Архиепископот повика на единство во сите тешки моменти за нашиот народ, како и на зачувување на слободата, но не само на онаа земната, туку и зачувувањето на слободата која нашиот Творец ни ја даде при создавањето. 

 

ilinden2015 1

ilinden2015 2

ilinden2015 3

ilinden2015 4

ilinden2015 5

ilinden2015 6

ilinden2015 7

ilinden2015 8

ilinden2015 9

ilinden2015 10

ilinden2015 11

ilinden2015 12

ilinden2015 13

ilinden2015 14

ilinden2015 15

ilinden2015 16

ilinden2015 17

ilinden2015 18

ilinden2015 19

ilinden2015 20

ilinden2015 21

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5