На 20.12.2015 година, во Дваесет и деветтата недела по Педесетница и на празникот на светиот Амвросиј Милански и на светиот Григориј Григоријатски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески и свештениците Зоран Попоски, Љупчо Симиџиески и Ромео Петрески, го освети и го положи камен-темелникот за изградба на нов храм, посветен на светиот Николај Мирликиски Чудотворец, во населбата Чекоштина во Охрид. Храмот ќе се гради по иницијатива и со донациите на г-дин Цветко Грозданов од Охрид, како и со донациите на сите добронамерни верници од пошироката околина. Митрополитот Тимотеј ги поздрави присутните со пригодно слово, а на градителите им посака што побрзо да го подигнат Божјиот дом, а Господ стоструко да им врати за нивниот труд.
affiliate tracking url | jordan Release Dates