„Заради Законот Господов твојата глава беше отсечена, о сесвети Јоване! Со непорочна смелост го изобличи злобниот цар беззаконски. Затоа ти се восхитуваат војските ангелски, те слават хоровите од апостоли и маченици. И ние твојот годишен спомен го почитуваме, сеславен, славејќи ја Света Троица, Која тебе те овенча, пророче блажени“ (Стиховна стихира на Вечерна богослужба на Отсекување на чесната глава на свети Јован Крстител).

 

Предвесникот и Крстителот Христов, светиот Јован, кој го подготвуваше избраниот народ за доаѓањето на Спасителот, достојно и со сите почести беше прославен и во нашата Епархија, а централната прослава беше во манастирот „Св. Јован Крстител“ - Бигорски. Денот на славната смрт Претечева, беше одбележан со повеќе важни настани за Бигорската обител. Имено, ден претходно, на 10.09.2016 година, во утринските часови, беше осветен новиот етно-ресторан „Куќата на Мијаците“, кој идејно е осмислен од страна на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандритот Партениј, а претставува еден вид мини музеј на мијачката култура и традиција. Ресторанот ќе биде раководен од г-дин Јонче Николовски од Тетово. Чинот на осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритот Партениј, еромонахот Доситеј, свештениците Владо Недески и Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.  

Best Sneakers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Pochta News

Празнувањето на Претечата Христов продолжи во вечерните часови, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Агатангел, архимандритот Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј, Ефросиниј и Кирил, свештениците Димче Азески, Роберт Илијевски, Миле Ангелоски и Павел Крцоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, ѓаконот Васил Ристовски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. На Вечерната богослужба Бигорската обител се збогати со уште четворица нови Христови војници. Имено, од раката на Митрополитот Тимотеј, во монашки чин беа потстрижени:

  • искушеникот Захариј од Скопје, кој го доби името Мојсеј.
  • Миле Велкоски од Прилеп, со монашко име Митрофан.
  • Светомир Недески од Охрид, со монашко име Филарет и
  • искушеникот Ефрем, кој и во монаштво го задржа истото име.

На Вечерната богослужба, Даниел Костовски и Антонио Зафиров, двајцата од Скопје, добија монашка капа и расо. По завршувањето на Вечерната, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се обрати кон неизбројното мноштво верници со пригодна беседа, во која изнесе пофалба за светиот Јован, но и за Бигорската обител, како место во кое многу души го најдоа својот мир и одат по патот на спасението. 

 

Празникот беше крунисан на самиот ден, со отслужувањето на светата архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Агатангел, Митрополитот Струмички г. Наум, архимандритот Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј, Ефросиниј и Кирил, свештениците Горан Ставрески, Владо Недески, Роберт Илијевски и Миле Ангелоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, ѓаконот Васил Ристовски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше осветено коливото, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, која подолу интегрално ви ја пренесуваме. На крајот од Литургијата, архимадритот Партениј му подари на Митрополитот Агатангел, како пријател на Бигорската обител, мошти од светиот Агатангел Битолски.

 

Во продолжение ви ја пренсуавме беседата од Митрополитот Тимотеј.

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Денеска, св. Јован Крстител и Претеча Господов, нè собра во неговиот свет манастир. Св. Јован севкупниот свој живот го посветил на Бога и на луѓето. Уште од самото раѓање, ќе отиде во пустина, подготвувајќи се за големата задача и мисија што му е зададена од Бога. Неговата задача била да Го наговести Јагнето Божјо, односно, Господа Исуса Христа, како Месија и Спасител на родот човечки.

Кога ќе излезе на јавна проповед, тој нестрашливо ќе го повикува, пред сè Еврејскиот народ, а и останатите народи, на покајание. Ќе проповеда бестрашно, изобличувајќи го секој грев и секаква неправда кај тогашните моќници и силници на своето време. Бидејќи живеел строг испоснички живот, Божјата благодат била постојано врз него, давајќи му таква сила што привлекувал внимание кај мноштвото народ, како свет човек и како пратеник Божји. Кога ќе започне да крштева во реката Јордан, кај него ќе доаѓаат, како обичните луѓе, така и книжниците, садукеите и фарисеите, кои се сметале за исполнувачи на Мојсеевиот закон. Но, св. Јован, познавајќи ги нивните срца и души, знаејќи дека се лицемерни и неискрени, ги повикува пред целиот народ: „Породи змиини, кој ви кажа да бегате од гневот што иде? Направете плод достоен за каење" (Мт. 3, 7 – 8).

Св. Јован Богослов за Претечата вели дека не е светлина, туку, ја предвестува светлината. Тој ќе Го препознае Господа Христа во огромната толпа народ и ќе Го претстави како Јагне Божјо. Јагнето Божјо Кое ги зема гревовите на светот. Како што кажавме, со неговата невообичаеност и светост, тој ги привлекувал сите луѓе. Оделе да го видат и да го чујат. Некои се покајувале на неговиот повик, но голем дел останувале со скаменети срца и продолжувале да живеат како и пред тоа. Дури и царот Ирод имал почит и лично имал страв од Претечата Христов. Во многу прилики тој го послушувал неговиот глас и совет, но, во една полупијана состојба, ќе ја исполни желбата на Саломија, ќерка на својата незаконита жена Иродијада. Забавувајќи ги Иродовите гости со нејзиниот танц, царот, при една помраченост на умот, и понудил дека ќе и даде сè што ќе побара. Саломија ќе ја побара главата на св. Јован, кој пред тоа бил притворен заради јавното изобличување на Ирод, поради неговото незаконито живеење со Иродијада, жената на неговиот брат. Поради царската гордост, да не биде посрамен пред гостите за дадениот збор, наредил џелат да му ја отсече главата на св. Јован Крстител. Така овој Божји гласник и Претеча Христов го завршува својот живот. Токму овој настан, нашата света Црква, денес го прославува.

Драги браќа и сестри, ние се декларираме дека сме православни верници, дека постиме, одиме во црква, се причестуваме и многу други обврски исполнуваме што нашата вера и Црква од нас бара. Но, искрено да се запрашаме, дали ние, честопати, не се однесуваме како фарисеите и како садукеите? Дали само формално се нарекуваме и замислуваме дека сме православни верници, со тоа што некои барања и прописи на нашата света Црква делумно ги исполнуваме. Св. ап. Јаков многу јасно нè поучува дека вера без добри дела е неполезна, односно, тоа е како тело без душа. Верата, пак, не може да се потврди и да се манифестира доколку ние немаме љубов, која сме повикани да ја манифестираме, но не само кон Бога и кон Божјите угодници, туку, и кон нашите блиски, соседи, познаници и кон секој човек. Манифестирајќи ја љубовта Го спознаваме Бога, бидејќи Бог е љубов (1. Јован. 4, 8).

Денеска, прославувајќи го споменот на отсекување на главата на св. Јован, да се потрудиме со нашите срца и души, помисли и намери, да отсечеме секаков грев, секаква страст и пакост што нè оддалечува од Бога и од нашите блиски. Да се поучиме од силната, непоколеблива и бестрашна вера во правдата на св. Јован, па и ние да бидеме исповедници и проповедници на словото Божјо пропратено со љубов и почит кон Бога, кон св. Јован и кон секој човек, кој го носи образот Божји.

Св. Јован, моли Го Бога за нас. Амин!

 

Отсекување на главата на св. Јован Крстител

11. 09. 2016 година

Манастир „Св. Јован Бигорски"

 

DSC 0308DSC 0518DSC 0690DSC 0713DSC 0777DSC 0808DSC 0824DSC 0841DSC 0932DSC 0954DSC 0966DSC 0994DSC 9664IMG 1204IMG 1222IMG 1310IMG 1315IMG 1576IMG 1599IMG 1629IMG 1661IMG 1727IMG 1776IMG 1778IMG 1787IMG 1871IMG 1948IMG 2010IMG 2016IMG 2377

 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5