„Една почва порано неплодна, раѓа земја плодоносна, и неплодната, со свое млеко, го храни светиот плод што го даде од својата утроба. Чудо страшно! Хранителката на нашиот живот, која во утробата Го прими Небесниот Леб, со млеко од дојка се храни!“ (стихира на Господи повикав... на Мала Вечерна на Рождество на Пресвета Богородица).

 

Онаа која Го роди и израсна Избавителот од смртта, Господ Исус Христос, денес се раѓа од порано неплодната Ана, и ни засветли како облак светлина. затоа ние недостојните, и пееме и со смелост и се обраќаме на Пречистата: Твоето раѓање, радост и јави на сета вселена! Торжествувањето на овој голем ден на Рождеството на Мајката на нашиот Господ, најпрво го започнавме со посета на манастирот „Пресвета Богородица“ во с. Г. Манастирец, Македонски Брод, каде беше отслужена Акатист на Пресвета Богородица. Во Вечерните часови, во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, беше отслужена свечена Вечерна богослужба,  на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереите Димче Ѓорѓиески, Темелко, Стевчо Тошевски и Никола Христоски, свештениците Ристо Камбуроски, Владо Недески, Александар Матески и Александар Крстаноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По Вечерната богослужба, беше отслужен и Акатист на Пресвета Богородица, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Running sport media | Air Jordan Release Dates 2020

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Вечерва нашата света Црква започнува да го празнува Рождеството на Пресвета Богородица. Само пред неколку дена, Православната црква го прослави почетокот на Новата црковна година. Денеска, пак, Црквата започнува со прослава на мајката Божја. Ова не е случајно, туку, тоа има голема смисла и големо значење во домостројот Божји за нашето спасение. Црковните свети отци, честопати, Богородица ја нарекуваат нова Ева. Прамајката Ева, поради нејзината непослушност кон Законот и наредбата Божја, била истерана од рајот, а преку тоа, и било наложено во пот и мака да го заработува својот леб. Преку нејзиниот грев влегува и смртта кај човечкиот род. Минувале долги години и векови кога родот човечки се оддалечувал од Бога. Се оддалечувал од правдата и од патот кој води кон рајот, од каде што, заради грев, беа истерани нашите прародители Адам е Ева.

Промислата Божја вели дека Бог сака сите луѓе да се спасат. Уште во Првата книга Мојсеева се вели: „И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин. Он ќе ти ја гази главата, а ти ќе го каснуваш во петата" (1. Мојс. 3, 15). Овие зборови, на самиот почеток на Библијата, многу јасно и сликовито ни наговестуваат за раѓањето на Пресвета Богородица. Тука, змијата, според толкувачите на Светото писмо, е ѓаволот, кој од своето паѓање постојано се труди да му наштети и напакости на родот човечки и да го стави под свои окови и свое владение, а преку тоа, да го спречи неговото спасение и општење со Бога. Жената, пак, според светите отци, е мајката Божја, која преку својата рожба, односно Господа Исуса Христа, ќе го победи нечестивиот и ќе го разруши неговото царство. Христос ќе го ослободи родот човечки од стегите на ѓаволот и ќе му даде можност повторно да општи со Бога, за да може повторно да го наследи царството Божјо, односно рајот, од каде што беше протерана непокорната и непослушната прамајка Ева.

Поминале долги векови, Бог, преку разните пророци, цареви, псалмопејачи и израелски мудреци, го подготвувал родот човечки, особено избраниот народ, за доаѓањето на Месијата. За тоа требало да се роди соодветна погодна личност. Личност којашто требало да биде инструмент Божји. Но, не без своја слободна волја и своја подготвеност, туку, напротив, со својата чистота, побожност, послушност, одданост да се очисти и да биде приготвен сад Божји за да Го прими во својата утроба Оној Кој е поширок од вселената. Бог Слово да постане човек и да го избави и спаси родот човечки од гревот и од смртта. Таков сосуд и таква личност, како што пееме почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите е токму Богородица.

Помеѓу себе, ние се нарекуваме браќа во Христа. И тоа не е спорно, и вистина е дека нашиот Спасител Господ Исус Христос доаѓа заради нас и ние со верата во Него, помеѓу себе, се поврзуваме постанувајќи браќа и сестри во Христа. Но, не треба да заборавиме дека ние сме браќа и сестри и по Богородица. Таа ќе Го роди Христа, а преку тоа ќе биде мајка на севкупниот христијански род. Таа е секогаш подготвена да биде наша застапничка, наша молитвеничка, наша помошничка во сите искушенија коишто ни ги носи животот. Но, единствено, и таа и Господ Исус Христос, од нас бараат силна и непоколеблива вера за тие да ни помагаат во сите дни на нашиот живот. Амин!

 

Рождество на Пресвета Богородица – вечерна

20.09.2016 год.

Манастир „Св. Богородица Пречиста" – Кичево

 

Малабогвеч2016 1Малабогвеч2016 2Малабогвеч2016 3Малабогвеч2016 4Малабогвеч2016 5Малабогвеч2016 6

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3