„Со ангелски глас ти викаме, Пречиста: Радувај се, престоле Божји, на кој (пророк) Езекил Го виде Господа, во подобие на човек носен на херувимите. Со нив моли се за нас, Богородице, да ги спаси нашите души“ (песна од канонот на Утрена на Покров на Пресвета Богородица).

 

На 14.10.2016 година, денот кога го прославуваме празникот Покров на Пресвета Богородица, во капелата посветена на овој празник во Митрополитската резиденција на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Горан Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sport media | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Денеска светата Православна црква прославува едно видение во Влахернската црква во Цариград - видението на Андреј Јуродивиот. Поточно, овој настан се случил во 910 година, кога Цариград, како престолнина на Византиската империја, бил опколен од Сарацените. Во оваа опсада, Сарацените биле надмоќни од воен аспект. Како на самиот император Лав Мудри, така и на целиот народ, не им преостанувала друга надеж за спас на градот и на империјата, освен да се обратат со искрена молитва, во црквата Влахерна, каде што се чувала ризата на св. Богородица.


Помеѓу големиот број верници, кои усрдно се молеле за спас на градот и за себе, се наоѓал и јуродивиот Андреј. За време на молитвата тој ја видел Пресв. Богородица како лебди во воздухот и го простира нејзиниот омофор врз народот, заштитувајќи го него, а и градот, од лутите непријатели на Византија.


По застапништвото на Богородица, градот Цариград бил зачуван од непријателите. Црквата, знаејќи за ова Божјо провидение, кое се случило по застапништвото на Мајката Божја, ќе го востанови денешниот празник, кој го нарекуваме Покров на Пресвета Богородица.


Ние, од Светото писмо знаеме дека Св. Богородица отсекогаш се застапувала да биде од помош на родот човечки. Таа, кога ќе ги слушне зборовите на Архангелот Гаврил: Радувај се благодатна Господ е со тебе, ќе ја прими веста со скромност, со понизност и со преданост кон Бога. Нејзината припадност на Бога, таа ќе ја изрази преку зборовите: Еве ја слугинката Божја. Со оваа нејзина согласност, таа се удостојува да биде мајка на Бог Словото, а преку тоа, мајка на севкупниот христијански род.


Кога ќе присуствува на свадбата во Кана Галилејска, таа ќе Го моли Господа Христа. За да не се намали радоста кај свадбарите, Го известува својот Син дека немаат вино. По нејзиното застапништво, Христос ќе го направи првото чудо, односно водата ќе ја претвори во вино.


Историјата на светата Црква има безброј настани каде што света Богородица се појавува како заштитничка, избавителка и помагателка на одделни народи, градови и на луѓе. Многу Божји угодници, уште додека биле во оваа долина на плачот, се удостоиле да им се јави Светата Мајка Божја. Им се јавувала за да ги утеши, да ги утврди и да ги избави од разните страдања, маки, болки и непријатности.


Се поставува прашањето: Зошто ние, кои одиме во црква, се молиме, постиме, се исповедаме и ги извршуваме и останатите црковни заповеди, не се удостојуваме да имаме видение на мајката Божја? Сето тоа се случува поради нашата слаба вера, поради неискрената молитва, поради нашата исполнетост со омраза, со страсти, со гревови, со нескромност и со други пороци. Овие гревови се ѕид помеѓу нас, Бога и Богородица. Тие нè попречуваат да ја имаме таа можност, во права смисла на зборот, да општиме со Бога и со Богородица. Но, ако се потрудиме да отфрлиме од нашето срце и ум секаква омраза и разни страсти и многу нешта кои нè влечат кон земното, преодното, ништовното, тогаш ќе ни се отворат духовните очи, ќе ни се просветли умот и ќе можеме да бидеме удостоени да имаме општење, односно молитвен разговор со Мајката Божја, а преку неа и со Господа Исуса Христа.


За тоа, како пример нека ни послужи и Андреј Јуродив. Овој човек, кој се правел јуродив заради Христа, презрел сè овоземно. Доброволно поднесувал потсмев, понижување, презирање и други непријатности од луѓето кои не можеле да го разберат неговиот духовен живот и неговото сецело оддавање на сопствениот живот во служба на Бога. Неговото оддавање на правдата, на вистината и љубовта кон Бога и кон сите луѓе, дури и кон луѓето кои се подигрувале со него и го потценувале, секогаш нека бидат наш поттик и пример за вистински христијански живот.


Да се обратиме со молитва кон Мајката Божја, таа да биде покровителка во нашиот живот, закрилувајќи нè со нејзиниот свет омофор. Амин!

 

Покров на Пресвета Богородица
14. 10. 2016 год.
Параклис „Покров на Пресвета Богородица"
Митрополитска резиденција, Охрид

 

pokrov2016 1pokrov2016 2pokrov2016 3pokrov2016 4pokrov2016 5pokrov2016 6

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3