„Со хоровите на бесплотните, дојдете и сите луѓе, да се поклониме на овој празничен ден, славејќи го споменот на мудрите архангели Христпви, пеејќи: Свет, Свет, Свет си, Боже на нашите татковци“ (песна од канонот на Утрена на Собор на св. Архангел Михаил и другите бесплотни Сили).

 

На 21.11.2016 година, на денот кога го прославуваме празникот Собор на светиот Архангел Михаил и другите бесплотни Сили, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Никола Христоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Buy Kicks | 【国内5月1日発売予定】アンディフィーテッド × ナイキ コービー 5 プロトロ "ホール オブ フェイム" メタリック ゴールド/フィールド パープル-マルチ カラー (DA6809-700) - スニーカーウォーズ

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

 

Денеска го прославуваме празникот „Собор на светите Ангели". Како што постои видливиот, материјалниот свет, исто така, постои и невидлив, нематеријален, односно, бестелесен, духовен свет. Светата Црква учи дека постојат повеќе видови на бестелесни ангелски сили. Св. ап. Павле, кога бил издигнат на третото небо, вели дека видел девет чинови и дека се поделени на три ерархии, и тоа: Престоли, херувими и серафими во првата ерархија, во втората се господства, сили и власти и во третата ерархија начала, архангели и ангели. За сите овие чинови имаме сведоштва во Стариот завет, кај пророците, особено кај Исаија (Ис. 6, 1), во Псалмите (Пс. 9, 5), како и на други места.


Оваа невидлива ерархија исполнува различни задачи. Кај нив се воочува еден совршен ред. Поголемите, односно, оние кои се поблиску до Божјиот престол, ги пренесуваат волјата и барањата Божји на пооддалечените ангели. А ангелите, пак, ја пренесуваат волјата до луѓето. Последните, исто така, имаат за цел да му помагаат на човечкиот род, да го штитат од сите пакости на паднатиот ангел, односно од ѓаволот, и на секој човек кој сака помош за да се избави од непријатностите. Му притекнуваат со одредена поткрепа и подавање на рака за исправање, за да можат да ги исполнат заповедите Божји.


На чело на сите ангелски чинови, поставен од Бога, стои Архангел Михаил. Ангелот Деница, кој бил најблиску до Бога, но, поради неговата гордост, отпаднал со останатите негови чинови и од небото отишол во адот, и од најсветол ангел постанал најцрн и постојан непријател на родот човечки. Тогаш, Архангел Михаил извикал силно и ги собрал сите останати ангелски чинови, велејќи им: „Внимавајте, најсветиот ангел падна поради гордост и непослушност, а ние да останеме верни на Бога кој нè создаде и во едномислие и едногласно да Го прославиме Бога со песна «Свет, свет, свет е Господ Саваот, се исполни небото и земјата со Неговата слава»" (Ис. 6, 3). Затоа, исправно, светата Црква денеска ги прославува сите ангелски чинови, на чело со Архангелот Михаил.


И ние, кои сме собрани во овој свет манастир, кој од страна на св. Наум Охридски бил посветен на светите небесни сили, да се обратиме со искрена молитва кон овие невидливи духовни сили. Тие да бидат наши ангели чувари, пазители, водители, за да можеме да го изодиме нашиот христијански од по вистинскиот пат. По патот Христов којшто води онаму каде што чезнее секоја христијанска душа.


По молитвите на светите ангели, Бог нека ја услиши нашата молитва. Така нека биде. Амин!

 

„Собор на светите Ангели"
21. 11. 2016 години
Манастир „Св. Наум Охридски" - Охрид

 

arhmih2016 1arhmih2016 2arhmih2016 3arhmih2016 4arhmih2016 5arhmih2016 6arhmih2016 7arhmih2016 8arhmih2016 9 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5