„Девојки со запалени свеќи, светло ја придружуваат Приснодева, и вистински, преку Духот, ја претскажуваат иднината, бидејќи Богородица, која и самата е храм Божји, како дете со девствена слава, во храмот се воведува“ (хвалитна стихира на Утрена на Воведение на Пресвета Богородица во храмот).

 

Денес се отвораат портите на храмот, за да влезе другиот храм, кој во себе Го носеше Царот на сите. Затоа и сите верно ја прославуваат поголемата од херувимите и пославната од серафимите - Мајката Божја, која стана и Мајка и застапничка за сиот човечки род. Нејзините застапништва, како пријатен темјан, ги изгонуваат непријателските сили и се помош за сите кои со вера и побожност ја повикуваат Пречистата во своите молитви. Затоа и ние денес да ја величаме Мајката Божја и да и запееме: Радувај се, седобра Невесто, повозвишена од сите!

 

На овој голем празник, на 04.12.2016 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, на која речиси сите се причестија, Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верни со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Running sport media | ナイキ エア マックス エクシー "コルク/ホワイト" (NIKE AIR MAX EXCEE "Cork/White") [DJ1975-100] , Fullress , スニーカー発売日 抽選情報 ニュースを掲載!ナイキ ジョーダン ダンク シュプリーム SUPREME 等のファッション情報を配信!

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

На сите Богородични празници, за време на Литургијата, Црквата пропишала да се чита Евангелието според Лука, каде што Господ Исус Христос го посетил домот на Својот драг пријател Лазар, во селото Витанија. Во таа прилика, двете сестри на Лазар, настапиле сосема различно во својот однос кон Господа Христа. Марта, како добра домаќинка, се зафатила да приготви јадење и пиење и да ја намести масата за пристојно и достоинствено угостување на саканиот Гостин. Додека, пак, нејзината сестра Марија, седнала до нозете Исусови и ги голтала Спасителовите зборови. Кога Марта побарала од Христа да и каже на Марија да и помогне, Христос и вели: „Марто, Марто, ти се грижиш и трудиш за многу работи. Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да и се одземе" (Лк. 10, 41-42).

Со овие зборови Господ Христос не ја прекорил, и не рекол дека Марта тоа не треба да го прави, туку, потенцирал кои работи во животот на еден човек треба да имаат приоритет. Не е спорно дека човекот е психофизичко битие и има потреба од храна, пиење, облека и од сите останати потреби на еден човечки организам. Но, сепак, предност треба да се даде не на она што е минливо, отпадливо и преодно, туку, на возвишеното, светото, непреодното, односно на вечното и спасоносното.

Човекот е создаден за вечност. А овој живот ни е даден да се подготвиме за таа вечност. Животот треба да го сфатиме како мост кој треба да го исползуваме за да преминеме од една страна, од овој видлив, материјален и времен живот, на другата страна, во вечниот и блажен, непропадлив и духовен живот.

Денешниот празник, посветен на Воведението на Пресвета Богородица во храмот, нè поучува како света Богородица била измолена од нејзините прастари родители Јоаким и Ана. Тие многу тагувале. Тагувале бидејќи дочекале стари години, и покрај тоа што живееле исправен и чесен живот, а не биле удостоени со пород. Но, нивната вера и нивната одданост кон Бога, никогаш не ги напуштила. Затоа, Бог се смилувал, и кога е невозможно за биолошките можности, Бог ги наградува со ќерка, а тие, пак, уште пред да ја имаат, се заветиле на Бога, дека доколку ги удостои со чедо, ќе го посветат на Бога. На три годишна возраст, ќе ја одведат во Ерусалимскиот храм и таа сама ќе се искачи по високите храмови скалила, без поддршка од никого. Првосвештеникот Захариј, таткото на св. Јован Крстител, ќе ја внесе во Свјатаја свјатих, на општо изненадување на сиот присутен народ. Таму ќе го помине својот живот во послушност и во изучување на словото Божјо и ќе биде удостоена да ги слушне зборовите на Архангелот Гаврил, дека ќе биде мајка на Господа Христа и дека ќе ја слават сите народи. Поради нејзината чистота и светост, со покорност ќе ја прими оваа вест и ќе одговори: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!" (Лк. 1, 38). Таа ќе Го роди нашиот Спасител Господ Исус Христос, и ќе постане Богородица и мајка на севкупниот човечки род.

Ние, денеска, кои се наоѓаме во овој свет храм, да се обратиме со искрена молитва кон св. Богородица. Таа нека биде наша учителка, патеводителка и заштитничка во нашиот мост, па да можеме и ние да го изодиме тој пат од овоземниот преоден и мамлив свет, и да се удостоиме да преминеме од другата страна со исправен христијански живот, придружен со добри дела и така да наследиме вечен и блажен живот.

По молитвите на св. Богородица, така нека биде. Амин!

 

Воведение на Пресвета Богородица

04. 12. 2016 год.

Храм „Успение на Пресвета Богородица – Каменско" - Охрид

 

 

 precista2016 1precista2016 2precista2016 3precista2016 4precista2016 5precista2016 6precista2016 7precista2016 8precista2016 9precista2016 10precista2016 11

 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3