„Духовно поткрепуван, си ги презрел болките што ти биле нанесувани со разните средства (за мачење), поради тоа што не им принесуваше пофалба на глувите идоли, туку на Христа Бога. Откако со љубов ја сочува верата во Него, Георгие, си говорел: Дела Господови, пејте Му на Господа, и превозносете Го во сите векови“ (песна од канонот на Утрена на св. вмч. Георгиј).

 

На 09.12.2016 година, денот кога го празнуваме споменот на св. вмч. Георгиј и преп. Алимпиј Столпник, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Љупчо Бакрачески и Зоран Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sportswear free shipping | Nike Dunk Low Coast UNCL - Grailify

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Нашата света Црква денеска прославува две големи светила. Ги прославува св. Алимпиј Столпник и св. вмч. Георгиј Победоносец, односно обновување на негов храм во Киев. Овие двајца угодници имале различен животен пат, но, и двајцата имале една цел. Таа цел била да Му угодат на Бога и да спечалат вечен и блажен живот.


Св. Алимпиј Столпник бил голем подвижник. Ја напуштил ѓаконската служба и се повлекол на едно осамено место. Таму, поставил крст и изградил црква, а за себе, пак, подигнал еден столб на којшто се подвизувал, дење и ноќе, 53 години. Самото место било презрено од народот и било збиралиште на нечистите духови, кои, го искушувале овој подвижник со разни соблазни, привиденија, а некогаш и физички го напаѓале. Нивната цел била да го одвратат од подвижништвото и молитвата, односно, од богоугодниот живот. Но, св. Алимпиј, сето тоа мажествено го поднел, победувајќи ги нечистите духови. Со молитвата и крстот успеал, не само да остане во молитва, туку, да привлече и бројно монаштво и да направи два манастири, еден машки, а другиот женски. Тој, пак, како духовник и искусен борец за верата, ги раководел во духовниот живот на патот кон спасението. И покрај тоа што живеел испосничко – подвижнички живот, поживеал над сто години. Но, уште додека бил во овој свет, Бог го обдарил со благодат да може да лекува и да им помага на луѓето.


Второто светило, коешто денес го прославуваме, е светиот великомаченик Георгиј. Овој Божји угодник бил истакнат војсководец во Римската империја. Но, во исто време, голем христијанин, кој го жртвувал својот живот, својата младост и војничката кариера и застанал храбро да ги штити христијаните. Се вели дека за секоја голема идеја, треба да има големи умови и личности кои се спремни за истата да се борат, да полемизираат, да протестираат и да ја шират. Но, освен за христијанството, нема ниту една идеологија и друго учење, коешто побудило толкав број луѓе да ги жртвуваат сопствените животи за Христа. Еден од нив е и светиот великомаченик Георгиј Победоносец. Од страна на Римскиот император Диоклецијан бил измачуван со многу различни справи, и на крај, бил погубен. Но, неговата вера и одданост кон Христа, Црквата не ја заборавила. Иако се поминати XVI века, неговото име и неговата храброст се слави и прославува по целиот христијански свет. После св. Никола, по бројност, како домашен ден, во нашиот народ се прославува токму светиот великомаченик Георгиј.


Се поставува прашањето, што нè поучува животниот пат на овие две светила? Секој човек има свој пат. Пат по кој ќе оди, за да стигне до зададената цел, а тоа е вечниот и блажен живот. Но, истиот не може да се спечали без силна, цврста и непоколеблива вера. Не може да се постигне без искушенија, маки и подвизи. Не сме сите подготвени, ниту повикани да биде столпници, ниту, пак, маченици. Но, сите сме повикани нашиот од да го одиме христијански, со силна и непоколеблива вера, изразена со молитва и пост. Само така живеејќи ќе може да се наречеме христијани и вистински чеда на Црквата Христова.


Да се потрудиме во нашиот живот, да покажеме цврстина и храброст, како што покажале овие двајца угодници. Па да измолиме милост Божја и благослов да имаме таква силна и непоколеблива вера. Да одиме по Христовиот пат. Да правиме добри дела, спечалувајќи вечен и блажен живот.


По молитвите на св. Алимпиј и св. Георгиј, така нека биде. Амин!

 

Св. вмч. Георгиј Победоносец
09. 12. 2016
Храм „Св. вмч. Георгиј" - Охрид

 

svgeorgijzim2016 1svgeorgijzim2016 2svgeorgijzim2016 3svgeorgijzim2016 4svgeorgijzim2016 5svgeorgijzim2016 6svgeorgijzim2016 7

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3