Нa 22.01.2017 гoдинa, вo Триесет и првaтa неделa пo Педесетницa, вo хрaмoт "Св. вмч. Димитриј" вo Вoлoнгoнг, Австралија, беше oтслуженa светa aрхиерејскa Литургија, нa кoјa чинoнaчaлствувaше Негoвoтo Висoкoпреoсвештенствo Митрoпoлитoт Дебaрскo-кичевски и Администрaтoр Австрaлискo-сиднејски г. Тимoтеј, вo сoслужение нa прoтoереј-стaврoфoр Љубoмир Милoшoски, прoтoереите Алексaндaр Ивановски и Никoлa Христoски и прoтoѓaкoнoт Никoлче Ѓурѓинoски. Пo зaвршувaњетo нa Литургијата, беше прекршен празничниот кoлaч, a Митрoпoлитoт Тимoтеј се обрати кон верниците сo пригoднa беседa, кoјa ви јa пренесувaме вo целост.
Sports Shoes | Nike for MenМитрополит Тимотеј
Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.
Драги браќа и сестри,
Во денешното Евангелско четиво слушнавме како нашиот Спасител Господ Исус Христос минувал низ Палестина и поминал покрај еден многу значаен Израилски град, Ерихон. Самиот град е оддалечен околу 30 километри од Ерусалим, а од неговата друга страна, пак, започнува огромна пустина. Како што знаеме, Господ Христос, кога го проповедал светото Евангелие, покрај Неговите апостоли, Го следеле голем број луѓе. Така и овој пат, додека Он поминувал, покрај патот седел еден слеп човек кој викал: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!" (Лк. 18, 38). Овој човек, бивајќи слеп, не можел да Го види Господа со своите телесни очи, но, кога разбрал од другите дека е Исус Христос, Кој проповеда нова вера, лекува секакви болести, во својата душа почувствувал силна надеж дека е дојден денот на крајот на неговото слепило. Затоа, со горешти солзи и со силен глас викал по Господа Христа да се смилува над него. Народот како народ се обидувал да го замолчи, бидејќи им пречел со неговите извици, односно, им пречел во следењето на поуката којашто им ја кажувал Господ Христос. Но, нашиот Спасител, како срцевидец, се доближил до овој јаден и измачен човек и го прашал: „Што сакаш да ти направам? ... Господи, да прогледам! ... Прогледај! Верата твоја те спаси" (Лк. 18, 41- 42).
Преку овој настан Господ Христос нè поучува за големината и за силата на верата во Бога. Овој човек, иако бил слеп, имал силна и непоколеблива вера во Господа Христа. Но и надеж во силата и моќта и во Неговата добрина. А, пак, Христос, да ја покаже Својата сила и добрина, најпрво проверува и барал од луѓето дали веруваат? Христос барал, како што и денес од нас тоа го бара, цврста и непоколеблива вера. Онаму каде што тоа се манифестирало, Господ Христос секогаш правел чуда, лекувал болни, слепи, хроми, бесомачни, па дури и воскреснувал и умрени. Со други зборови, семето на верата е најцврст фундамент на нашата Христијанска црква.
Зборувајќи за растот на верата во Бога во човековата душа и за нејзиното значење во животот на луѓето, нашиот Спасител вели: „Ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете на оваа планина: »Премести се одовде таму«, и таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно" (Мт. 17, 20). Неоспорно е дека денешната технологија и наука прават големи напредоци, па се преместуваат цели планини, се контролираат големи водни и највисоки возвишени небесни пространства. Но, пред сите тие големи успеси и достигнувања, на сите тие планови во животот, пред сите големи човечки дела постоела вера во успехот. На тој пат, кон сите тие големи достигнувања, луѓето често пати оделе напред, но и паѓале. Но, верата ги победила сите тешкотии и верата им дала поттик и надеж за сите тие успеси.
На патот кон своето морално и духовно усовршување секој човек треба да преброди многу тешкотии и препреки, и уште поголеми планини да премине за да ја оствари својата животна цел. Секој во себе потребно е да има семе на вера, а како крајна цел, победа на вистината, правдата и љубовта. Со други зборови, потребно е да се верува во чудо Божјо, па преку благодатта, да се оствари зацртаната цел, дури и во случај кога сите изгледи за успех изгледаат невозможни. Првично треба да се верува во Божјата помош, за да може човекот да верува и во самиот себе. Таа вера, всушност, е она синапово зрно, за коешто зборувал Спасителот. „Тоа е најмало од сите семиња, но, кога ќе израсне, поголемо е од сите растенија" (Мт. 13, 32).
Драги браќа и сестри, да се поучиме од денешното свето Евангелие. Тоа синапово зрно на нашата вера да го негуваме, да го поливаме, да го штитиме, за да може непречено да расте во нашата душа и срце. А ние, пак, со таа вера да живееме исправен, достоинствен и морален христијански живот за прослава на Бога. За афирмација на нашата света Православна црква и вера. Но, пред сè, за спасение на нашите души. По молитвите на светиот великомаченик Димитриј, Бог нека ги услиши нашите молби. Така нека биде. Амин!
31. недела по Педесетница
22. 01. 2017 година
Храм „Св. Димитриј Солунски" Волонгонг, Австралија