„По зелените пасишта на Царството небесно си го нахранил стадото, оче, и кога со жезолот на догматите си ги изгонил ересите, си запеал: Боже на нашите татковци, благословен си“ (песна од Канонот на Утрена во Четврта недела од Великиот пост).

 

На 26.03.2017 година, во Четвртата недела од Великиот пост, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереите Стевчо Тошевски и Никола Христоски, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот кичевски народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

jordan Sneakers | Nike Dunk Low Coast UNCL - Grailify

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Четвртата недела од Велигденскиот пост е посветена на св. Јован Лествичник. Овој голем подвижник на Црквата Христова многу се потрудил да ни ја открие тајната на духовниот живот. Тој нè учи дека духовниот живот не се здобива со еден акт или со едно делување. Не можеме одеднаш да ги собереме духовните сили и да спечалиме духовна мудрост. За да се добие дарот на Духот, потребно е да се трудиме и да се движиме постапно. Поточно, треба да се движиме од простото кон посложеното. Полека, скалило по скалило, и тоа на скалата којашто води од земјата кон небото, од земното кон небесното.


Времето на Великиот пост е погоден период, сите да се запрашаме, каде се наоѓаме на таа скала? Дали сме се издигнале некое скалило повисоко, или, пак, стоиме на почетокот? Но, ако направиме сериозна анализа на нашиот живот, на нашите постапки, ќе видиме дека можеби не сме се ни доближиле до скалата, а камоли да се имаме искачено некое скалило.


Издигнувањето кон Бога не е можно без вера. Неслучајно, во денешното евангелско четиво, евангелистот Марко зборува за верата како неопходен услов за чудотворење (Мк. 9, 17-31). Слушнавме како родителот се обраќа кон Господа Христа со молба да го излекува неговиот син, кој бил опседнат од лош дух. Господ Христос му вели: Ако можеш да поверуваш сè е возможно! Прекрасни зборови на Божјата Мудрост. Се поставува прашањето, каква е нашата вера? Дали таа е цврста и непоколеблива или, пак, ние се сомневаме во неа? Дали сме цврсти во верата Христова и дали никакви надворешни светски соблазни не нè одвраќаат од верата? Дали нашата вера е само традиционална, односно, без длабоко уверување и верување? Тогаш, се поставува прашањето, ако е таква, како можеме да очекуваме преку неа чудо Божјо?


Треба да знаеме дека не се спасуваме преку чуда. Ниту, пак, со чуда се отвораат дверите на царството Божјо. Ние се спасуваме со Божјата благодат и ни се отвораат портите на рајот со Божјата сила. Можеби некој ќе постави прашање, дали ние со нашиот живот и со добродетелите можеме да ги отвориме рајските порти? Никогаш! Никогаш не можеме да собереме толку добродетели, туку, Бог ги отвора дверите на вечноста. Ги отвора дверите како одговор на нашата цврста и непоколеблива вера. Доколку нашата вера е искрена, таа е пропратена и со добродетели. Добродетелите ја потврдуваат верата, како што вели св. ап. Јаков: „Верата без дела е мртва" (Јак. 2, 17).


Бог не сака да нè спаси без наше учество, туку, ја бара нашата вера, го бара нашето содејствие. Св. Јован Златоуст вели: „Верата не може да нè воведе во царството небесно". Таа не ги отвора дверите на рајот, туку, само Бог. Да веруваме и да бараме онака како што одговара родителот во денешното Евангелие: „Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!" (Мк. 9, 24). Само таква вера Бог услишува и ја прави чудотворна. Верата е неопходен услов за спасение и за блажен и вечен живот. Верата ни дава огромна животна сила. Св. Ефрем Сирин вели: „Таму каде што е верата, таму е и силата; А каде што нема вера, таму е и слабоста".


Оваа четврта недела од Великиот пост е период кога секој еден од нас треба да се преиспита како напредува во духовниот живот. Дали ги отфрливме слабостите, гревовите и страстите, кои нè оддалечуваат од Бога, од Црквата, од правдата, од вистината и од човештината? Дали ја зацврстивме и утврдивме нашата вера? Да ја практикуваме поуката на св. Јован Лествичник, кој нè поучува да одиме постапно по скалилата кон небото, кон возвишеното, кон Бога. Па така, да најдеме духовни сили и мудрост, да се движиме напред и да одиме од „сила во сила" (Пс. 83, 7) кон царството Божјо. Амин.

 

Четврта недела од Великиот пост – св. Јован Лествичник
26. 03. 2017 година
Храм „Св. Петар и Павле" - Кичево

 

4неделаВП17 14неделаВП17 24неделаВП17 34неделаВП17 44неделаВП17 54неделаВП17 64неделаВП17 74неделаВП17 84неделаВП17 94неделаВП17 104неделаВП17 114неделаВП17 124неделаВП17 134неделаВП17 14

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5