„Со смртта го преобразуваш смртното, а со погребението гнилежното го претвораш во негнилежно, и со Твоето Божество нè извлекуваш од бездната, зашто Твоето тело, Владико, не виде распаѓање, ниту Твојата душа беше оставена во адот странец да биде“ (песна од Канонот на Утрена на Велика Сабота).

 

На денот кога го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, на Велики Петок навечер, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена Утрена богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, протоерејот Игор Никовски, свештеникот Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на богослужбата и Опелото Христово, Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Nike air jordan Sneakers | New Releases Nike

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Денеска созерцаваме едно собитие, за кое нема доволно зборови со кои би се опишал злочинот кој луѓето го извршија кон својот Создател и Спасител. Страшен е денешниот ден според својата суштина. Христос доаѓа од љубов кон родот човечки. Но, маките и подвизите не се страшни за Христа, ниту раните, ниту понижувањата, ниту сите останати страдања, колку што е страшна човековата оддалеченост од Бога. Примајќи на Себе човечко тело, Спасителот влегува во нашата човечка сфера. Влегува во нашата оддалеченост од Бога. Влегува за Неговата жртва да биде совршена и спасителна за сите луѓе. Доаѓа за да почувствува богооставеност. За таа богооставеност ни сведочи Неговата молитва: „Боже мој, Боже мој, зошто си Ме оставил" (Мк. 15, 34).


Гревовите на луѓето и оддалеченоста од Бога, како најтежок товар легнале врз Неговите плеќи. Кога си спомнуваме за Голготската ноќ, нè поразува борбата на Синот Божји, Кој, како човек, ја гледа Својата смрт. Ја гледал горчината што требало да ја испие, и истата ја испил, ја примил смртта. Со пиењето на горчливата чаша настанува спасителното дело, односно, преминувањето на бездната, преминувањето од смрт во живот.


Христос потполно ја испил чашата на страдањата. Во неа се појавува малодушноста на Неговите блиски, следбеници како и малодушноста на жестоките напаѓачи, непријатели и грубоста на војниците, мачењето на водачите и ладниот и жесток закон и непријатното викање на толпата. Бог влегува во нашата богоодалеченост.Ги прима смртта и доброволното погребение. Ги прима заради нашето спасение и воскресение.


Ние се раѓаме од небитие за времен живот. Се раѓаме за времен, преку кој, треба да се издигнеме за вечен живот. Он, пак, Спасителот, се раѓа, и од неограничената полнота на вечноста доаѓа на овој свет. Он постанува Син Човечки за ние да постанеме синови Божји. Врз Себе прима човечко тело. Влегува во ограничениот грешен свет постанувајќи во сè сличен на нас освен во гревот. Он го поминува крстниот пат за ние да се оддалечиме од грешниот и погрешниот, и да одиме по правилниот пат и да можеме да општиме со Бога. Он страда, за ние да благуваме. Сето тоа го прави без роптање.Прави сè за да нè врати кон послушноста, кон Отецот Небесен. Го поднесува тој подвиг до крај, и со тоа, ни дава можност, од богоотстапништво да се вратиме во прегратките на Отецот и да најдеме простување на нашите гревови и да постанеме синови на небото.


Господи Исусе Христе, биде милостив и кон нас грешните, и помилуј нè. Амин!

 

Опело на Господ Исус Христос – Велики Петок
14. 04. 2017 година
Храм „Св. вмч. Георгиј" - Охрид

 

velpetvec2017 1velpetvec2017 2velpetvec2017 3velpetvec2017 4velpetvec2017 5velpetvec2017 6velpetvec2017 7velpetvec2017 8velpetvec2017 9velpetvec2017 10velpetvec2017 11velpetvec2017 12velpetvec2017 13velpetvec2017 14velpetvec2017 15velpetvec2017 16velpetvec2017 17

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5