„Од заповедите на Божјата светлина си ги просветлила сите, блажена Параскево, и, откако ја протера еретичката злоба, Му пееш на Животодавецот Христа: Свет си, Господи“ (песна од канонот на Утрена на преподобна мајка Параскева).

 

На 27.10 2017 година, денот кога го прославуваме споменот на преподобната мајка Параскева, во храмот „Св. Петка“ во Дебар, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Доситеј, свештеникот Миле Алексовски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Анатолиј. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Running sports | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри,


Нашиот Спасител Господ Исус Христос, пред Своите страсни страдања, им рекол на своите ученици: „...Утешителот, нема да дојде кај вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам. А тој, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд..."(Јн.16;7-8). Овие Христови зборови, за многумина можеби изгледаат нејасни, па се прашуваат што тоа значи? Како може да изобличува за грев, но во суштина ова изобличување за грев, се случува со силата на Светиот Дух, и им помага на луѓето, да останат достоинствени луѓе, односно им помага да прават разлика помеѓу доброто и злото, и истовремено ги упатува кон моралните вредности, во овој овоземен живот.


Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. Таквите луѓе, често се доведуваат до состојба да бидат манипулирани, и живеејќи и дејствувајќи со таква аномалија ги нарушуваат моралните принципи па често пати доаѓа до мешање на системот на вредности, и неможност за расудување на тоа, што е добро а што зло. Ние како луѓе сме слаби и кревки по природа, и често пати под разни сугестии и притисоци лесно можеме да потклекнеме во тие наши оценки и проценки, што е корисно а што е штетно, што е морално, а што е неморално. Но, таму каде што дејствува Светиот Дух, таму се буди човековата совест, и таму моралното чувство се упатува кон Божествениот критериум. И таму доаѓа до корекција, односно до реалните морални вредности кај луѓето. Тогаш доаѓа до синергија на Божјата волја и човековото учество во некое дејствие, и тогаш се постигнува вистинската полнота на човекот како морално, совесно и одговорно битие и пред Бога и пред луѓето. Но, често пати ние како луѓе, се сретнуваме со поединци кај кој совеста и моралните принципи се помрачени па се прашуваме, како е можно да постојат такви луѓе. Тоа зборува за отсуство на таа синергија помеѓу Духот Свети и човековото дејствување, таквиот човек постапува по своја волја и сопствено убедување, без да го слуша внатрешниот глас на совеста, кој е глас на Светиот Дух во нас.


Ние денеска ја прославуваме света преподобна Параскева- Петка, и не би сакале да зборуваме за нејзиното житие, бидејќи истото ни е релативно познато, секако на некого повеќе, а на некого помалку. Ниту света Петка, ниту сите останати Божји угодници, независно дали се маченици, светители, преподобни и слично, никој од нив не се родил како светител. Сите имале пат по кој врвеле, и се издигнале на таа височина, да се уподобат да бидат светители во Царството Божјо и да бидат прифатени и прославувани од светата Црква, како Божји и свети угодници. Само со нивен труд и подвижништво, сигурно не ќе можеле да ја постигнат зададената цел, да бидат Свети, како што е Свет и нашиот Отец Небесен.(Ис.11; 44) Тие тоа го оствариле со помош, поткрепа и содејствие на Светиот Дух. А, за да го придобијат Светиот Дух, да им биде помошник и содејсвител, била потребна нивна чиста вера, добри дела како предуслов да се пројави тоа взаемно содејство и синергија, помеѓу Светиот Дух и човекот, а преку тоа и да се оствари светоста.


Таму каде што има неморал, отсуство на вера, нечистотија во секој поглед, со таквите постапки ние ги изгонуваме Светиот Дух од нас, и патуваме во овој век и свет со сопствени сили и без поткрепа на сила одозгора. Затоа, најголем дел паѓаме во разни стапици од лукавиот, кои не оддалечуваат од Бога, правдата, љубовта и добрите дела и угодуваме на лукавиот кој е непријател на човекот од искона, и како што апостол Павле вели рика во пустина, само некој да го проголта.


Прославувајќи ја денес света Параскева- Петка, да се обратиме со искрена молитва и вера, како и кон останатите Божји угодници, тие да измолат милост Божја, па благодатта на Светиот Дух, да биде со нас. Преку тоа да можеме да го победиме секој грев и лоша мисла; да одиме по вистинскиот Христов пат и да стасаме во Царството Божјо заедно со останатите Божји угодници, сега и во сета вечност. Амин!

 

28.10.2017 година

Преподобна Параскева-Петка

храм „Света Петка“ Дебар

 

petkovden2017 1petkovden2017 2petkovden2017 3petkovden2017 4petkovden2017 5petkovden2017 6petkovden2017 7petkovden2017 8petkovden2017 9petkovden2017 10petkovden2017 11petkovden2017 12petkovden2017 13

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3