„Откако светите Отци ја примија светлината на разумот од Светиот Дух - натприродната слава, со кратки зборови, но со длабока смисла, како Христови проповедници и блажени заштитници на евангелската наука и на благочестивите преданија, кога го примија одозгора јасното откровение и се просветлија, од Бога научената вера ја изложија“ (хвалитна стихира на Утрена во Неделата на светите Отци од 7-от Вселенски собор). 

 

На 29.10.2017 година, во 21 Недела по Педесетница, во Неделата на светите Отци, и на празникот на преп. мч. Лонгин Антиохиски и на преп. Лонгин Печерски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, изврши осветување на параклисот посветен на празникот Покров на Пресвета Богородица, во манастирот „Сите Светии“ во с. Лешани, општина Дебарца, Охрид. Параклисот започна да се гради во 2012 година, а се зигради со манастирски средства и со донациите на сите добронамерни верници. По осветувањето, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Вартоломеј, старешина на манастирот, и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри,


Денеска го осветивме овој параклис, посветен на споменот на едно историско собитие, кое се случило во Византија, поточно Цариград. Градот бил опкружен од сите страни од Сарацените, а императорот и византиската војска, бидејќи биле свесни дека непријателот е многукратно воено и борбено посилен, не им преостанувало ништо друго, освен да го чекаат својот пораз.


Но, силната и непоколеблива вера на христијаните од Цариград, сè старо и младо, богато и сиромашно, ги упатила да се соберат на молитва во црквата Влахерна. Нашиот народ вели, без неволја нема ни молитва, па така и тој народ, единствена надеж за спасување од непријателот ја положувал на Бога и на мајката Божја. Искрената молитва на луѓето предизвикала сожалување и содејство на Небесната царица, и таа го раширила својот покров над градот Цариград, а надмоќната турска војска, ненадејно се повлекла и градот бил спасен.


Преку овој пример, нашата света Црква нè поучува за силата на молитвата, како и подготвеноста, Бог, преку свои угодници, а особено преку застапништвото на својата пречиста и непорочна мајка, да ги услишува нашите молитви и прозби, и доколку не се во спротивност на волјата Божја, Тој наоѓа начин и пат истите да бидат исполнети. Чудесното пројавувањето на светата мајка Божја, е воопшто познато во Православната Црква. Таа е мајка на сиот христијански род, и нема ни еден Божји угодник, кој е толку многу прославуван и почитуван од народот, како што е света Богородица, мајка на нашиот спасител Господ Исус Христос.


Света Богородица, нејзината љубов, особено ја манифестира преку многуте чудотворни икони, кои се прочитуваат и чествуваат во целиот христијански православен свет. Некои икони, им помагаат и исцелуваат луѓе кои страдаат од најразлични болести, а некои пак исцелуваат луѓе од посебни болести. И во нашата света Црква има повеќе икони на Пресвета Богородица, кои се почитуваат како чудотворни и исцелителни. Такви икони се Богородица Психосотириа, Богородица Одгитрија, Богородица Пелагонитиса, Пречистанска Богородица, Калишка Богородица и други. Пречистанската Богородица, се покажала чудотворна и кај многу бездетни родители, кои се обратиле со молитва кон Богородица, со нејзиното посредништво многумина добиле рожба, и покрај тоа што медицинските наоди зборувале дека тоа не е можно.


Пресвета Богородица е наша Небесна мајка. Таа е наша покровителка, и таа има најдобро разбирање за нашите потреби, бидејќи живеела во овој свет, и ги поднела сите маки и страдања својствени за сиот човечки род. Таа како мајка на нашиот Спасител, има храброст и смелост, да измоли сè од нејзиниот Син, како што и секоја мајка има смелост и без никакво притеснување пристапува кон својата рожба, не само за да замоли туку и да побара да и се исполни нејзината желба.


Па и ние кои денеска присуствуваме на чинот на осветување оваа капела, во манастирот посветен на Сите Светии, да отфрлиме од нас, секаков порок, грев и страст, и да ја очистиме нашата душа и срце од секаква нечистотија. Па така подготвени, да измолиме милост Божја и благодатта на Светиот Дух да слезе врз нас, да не просвети и освети, и да не води кон патот на вистината, патот на добрината и христијанската добродетел. Пресвета Богородица, нека биде наша духовна мајка, молитвеница, покровителка и помошничка во подвигот да го изодиме патот, кој води до Царство Божјо. По нејзините молитви така нека биде. Амин!

 

29.10. 2017 год.

Осветување на параклис „Покров на Пресвета Богородица"

манастир „Си Свети", с. Лешани, Охрид

 

osvlesani2017 1osvlesani2017 2osvlesani2017 3osvlesani2017 4osvlesani2017 5osvlesani2017 6osvlesani2017 7osvlesani2017 8osvlesani2017 9osvlesani2017 10osvlesani2017 11osvlesani2017 12osvlesani2017 13osvlesani2017 14osvlesani2017 15osvlesani2017 16osvlesani2017 17osvlesani2017 18osvlesani2017 19osvlesani2017 20 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6