„Денес радосно се веселат сите краишта на земјата, празнувајќи го чесниот спомен на Твоите архангели, Боже, - божествениот Михаил и богомудриот Гавриил; со нив се радуваат и сите ангелски чинови, зашто светот се запазува со нивната заштита“ (песна од канонот на Утрена на Собор на св. архангел Михаил и другите бесплотни сили).

 

На 21.11.2017 година, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, на празникот Собор на свети архангел Михаил и на другите бесплотни сили, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Сашо Богданоски, свештеникот Владо Недески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

best Running shoes | ナイキ エア マックス エクシー "コルク/ホワイト" (NIKE AIR MAX EXCEE "Cork/White") [DJ1975-100] , Fullress , スニーカー発売日 抽選情報 ニュースを掲載!ナイキ ジョーダン ダンク シュプリーム SUPREME 等のファッション情報を配信!

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Денеска нашата света Црква го прославува Соборот на светите ангели и архангели, на чело со свети архангел Михаил. Самиот празник нè поттикнува да размислуваме за бестелесниот и невидливиот свет. За светот кој се наоѓа горе на небото. На Божјата промисла ѝ било угодно, нам, во целост да не ни го открие тој невидлив и бестелесен свет. Но, ние, како луѓе, немајќи точна и јасна претстава за ангелите и за архангелите, си правиме своја перцепција за нив. Затоа, ги изобразуваме на фрески и икони како млади луѓе со крила, а тоа е поради нашето компарирање со птиците небесни, кои се издигнуваат во небесните височини.


Ние немаме точна претстава како изгледаат ангелите, но, со сигурност знаеме дека тие се битија со разум и со слободна волја. Знаеме дека еден од нив, Му се спротивставил на Бога и отпаднал. Тој паднат ангел постојано дејствува против човечкиот род, од самиот почеток на векот и светот.


Невидливиот ангелски свет Бог го обдарил со огромна сила и енергија. Го обдарил, не да владее над земјата, односно, над човекот, туку, да владее над Космосот. Тоа најдобро ни го опишува св. ап. Павле во своето послание до Евреите: „Реченото слово преку ангелите се покажа верно... Зашто Бог не на ангелите им ја покори идната вселена... А човекот... Си го понизил нешто малку подолу од ангелите, но со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце... А Исус Христос, Кој беше нешто малку понизен од ангелите, поради претрпената смрт се увенча со слава и чест, та, по Божјата благодат, да вкуси смрт за сите" (Евр. 2, 2 – 10). Што означува таа сила којашто Бог им ја дал. До крај, ние тоа никогаш нема да можеме да го дознаеме. Но, може само да претпоставиме со колкава колосална енергија владеат ангелските сили, за да можат да го остварат своето влијание во целата Вселена, над целиот Космос и над човекот.


Од историјата знаеме дека секој човек има свој ангел чувар. Ангел кој постојано се грижи за одредена личност и се спротивставува на нечестивиот дух. Ангел кој човекот го крепи, го поддржува, го штити и му помага во сите негови постапки, кои се во склад со верата Христова и со учењето на нашата Црква. Како што постои ангел – чувар, така постои и демон –искушувач, кој постојано се труди родот човечки да го наведе на страни патишта, кои го оддалечуваат од Бога, од правдата, од милоста, од љубовта и од вистината, а сè со цел, да ја загуби боголиката душа.


Денешниот празник е особен ден. Ден во кој ние се сретнуваме со тајната на Божествената промисла за овој свет. Но, исто така, се сретнуваме и со поинаков свет. Свет невидлив, со невидливи и бестелесни битија. Тоа нè води кон размислување за нашиот живот. Но, не само кон размислување, туку и кон подготовка за соочување со оваа реалност, дека во светот постојат и лоши сили. Треба да бидеме подготвени, преку нашата вера и со нашите добри дела, а поткрепени со Божја благодат, истите да ги надминуваме и победуваме.
Затоа, ние, во нашите молитви, покрај тоа што бараме помош од Господа Христа и од Пречистата и Приснодева Марија, исто така, со молитви се обраќаме и кон нашиот ангел чувар, како и кон останатите небесни сили. Им се молиме да нѐ пазат, да нѐ чуваат и да ни помагаат во нашиот христијански од кон царството небесно.


Да се обратиме со искрена молитва кон светите ангели и архангели, тие да бидат наши молитвеници и поткрепувачи во нашиот христијански живот, за слава Божја и за наше спасение. Амин!

 

Собор на св. архангел Михаил
21.11.2017 год.
манастир „Св. Наум Охридски" - Охрид

 

arhMihail2017 1arhMihail2017 2arhMihail2017 3arhMihail2017 4arhMihail2017 5arhMihail2017 6arhMihail2017 7arhMihail2017 8arhMihail2017 9arhMihail2017 10arhMihail2017 11

 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5