„Заради љубовта кон Господа, Матроно, желбата за спокој си ја замразила, откако твојот дух со пост си го просветлила. Но, со твоите молитви, нападите на противниците разори ги, бидејќи ѕверовите крепко ги победи“ (кондак на Утрена на преподобна Матрона).

 

На 22.11.2017 година, на споменот на преподобната Матрона и на светиот Нектариј Егински, во манастирот „Св. Петка“ во Велгошти, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Никола Кипријанов, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Best jordan Sneakers | 【国内4月発売予定】プレイステーション5 × ナイキ PG5 PS EP 全2色 - スニーカーウォーズ

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Нашиот Спасител Господ Исус Христос, во светото Евангелие вели: „Јас сум патот, вистината и животот" (Јн. 14, 6). Ние, како луѓе, имаме одреден временски период, кој треба да го изодиме. Во тој наш животен од треба да се определиме каков живот сакаме и што ќе здобиеме живеејќи го тој живот. Пред секој човек, постојат два пата. Едниот пат е простран и широк, а другиот е малечок и тесен. Но, да видиме каков е широкиот пат, а каков тесниот. Преку тоа ќе дознаеме кон каква цел, или кон каков крај би нè однел едниот или другиот пат. На широкиот пат имаме неверие и безбожност, а на тесниот имаме жива вера. На широкиот пат отсуствува стравот Божји, а на тесниот има страв Божји. На широкиот пат има самоволие и непослушност, а на тесниот има потчинување и послушание. На широкиот пат има секаков грев и беззаконие, а на тесниот секаква добродетел. На широкиот има свирепост и лукавство, а на тесниот има милосрдие и сострадание. На широкиот пат има клевети, презирања, осуди, ожалостување на ближните, додека, пак, на тесниот пат имаме воздржување од сето тоа и благоразумно молчење.


Со неколку зборови би можеле да речеме дека широкиот пат има зборови, дела и помисли кои се спротивни на волјата Божја и на Неговото свето слово. Додека, пак, на тесниот пат има вистинско покајание и плодовите од тоа покајание, односно добрите дела.


На тесниот пат има крст, страдање, трпение, воздржување и откажување од сопствената волја и следење на волјата Божја. Тесниот пат е забележан со Божјиот знак. Широкиот пат, пак, има отфрлање и пренебрегнување на Божјиот закон. Живот којшто нема страв Божји. Живот исполнет со славољубие, самољубие, честољубие, сластољубие и веселење на овој свет. По тесниот пат врви Самиот наш Спасител Господ Исус Христос, а после Него врват сите Негови верни луѓе. Тие го следат во Неговата љубов, кротост и смирение. На широкиот пат, пак, врви кнезот на темнината, и по него одат оние што му робуваат. По тесниот пат одат малкумина, бидејќи тој е послан со маки и со страдања. Малкумина се тие што сакаат да ги почувствуваат. Додека, пак, по широкиот пат врват многумина, затоа што многумина го сакаат веселењето и удобностите на овој свет. Тесниот пат, и покрај тоа што е тежок, води кон вечна радост, а широкиот, и покрај тоа што е весел, води кон вечна жалост и мачење.


Тесниот пат, иако изгледа тежок и трнлив, сепак тој го води човекот кон тивкото пристаниште и во вечната радост, како што вели Господ Христос: „Јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно" (Мт. 11, 30). Додека, пак, широкиот пат, на почетокот е пријатен и весел, но, на крај завршува како страшен и мачен, бидејќи тој го носи игото на ѓаволот, односно, владее со страста и со гревот.


Од сето досега кажано, се заклучува дека нашата света Црква ни го препорачува тесниот, трнливиот, Христовиот пат. По тој пат оделе и сите Божји угодници, како што е и преподобната Матрона Цариградска, чијшто спомен светата Црква денес го чествува. Оваа Божја угодница најпрво била омажена за некој Цариградски велмож Дометијан, но, брзо потоа одлучила да го напушти брачниот живот и да се повлече во манастир на подвиг. Најпрво била во некој машки манастир во Цариград, се разбира преоблечена во машки алишта, а потоа, бидејќи нејзиниот сопруг трагал по неа, морала да странствува и во Египет и на Синај, за на крај, својот животен пат да го заврши во Цариград, и тоа, на стогодишна возраст. Се упокоила во Господа 492 година.


Да се обратиме со искрена молитва кон св. Матрона и кон св. Петка. Тие да ни ја зацврстат верата, да ни ја умножат љубовта и да бидат наши помошници во нашиот животен од по тесниот, но спасоносен пат кон царството небесно. Амин!

 

преп. Матрона
22.11.2017 год.
манастир „Св. Петка" – с. Велгошти, Охрид

 

prepmatrona2017 1prepmatrona2017 2prepmatrona2017 3prepmatrona2017 4prepmatrona2017 5prepmatrona2017 6prepmatrona2017 7prepmatrona2017 8prepmatrona2017 9prepmatrona2017 10prepmatrona2017 11prepmatrona2017 12

  

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3