„Наследнику Божји, сопричеснику Христов, служителу Господов, свети Николае, какво што ти е името, таков ти е и животот твој, зашто засветли со зрел разум; светлоста на лицето твое сведочеше за незлобивоста твоја и за кроткоста твоја; животот твој е славен, и успението твое со светите; моли се за душите наши“ (стихира по Евангелие на Утрена на свети Николај Мирликиски Чудотворец).

 

На 19.12.2017 година, на денот на споменот на светиот Николај Мирликиски Чудотворец, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, еромонахот Доситеј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Анатолиј. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

best Running shoes brand | Men’s shoes

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

 

Нашата Македонска православна црква, денеска прославува еден Божји угодник којшто живеел и работел во Мир Ликијски, Византија, денешна Турција. Нема светител и угодник Божји, кој толку се прославува и чествува како св. Никола. Не се чествува само во нашиот народ, туку, тој се прославува кај сите православни народи и помеѓу сите христијани. Скоро и да нема православен верник кој нема да ви наброи неколку чуда што ги направил св. Никола. Нашите луѓе можеби не знаат за наши истакнати и заслужни дејци кои придонеле за нашата култура, цивилизација и наука, но сите знаат за св. Никола. Истото се случува и кај другите народи. Зошто е тоа така? Св. Никола, не само додека живеел на земјата правел чуда, туку, тој, низ целата историја, а тоа се повеќе од седумнаесет века, чудотворел, а и денес чудотвори.


Да го споменеме неговото присуство на Првиот вселенски собор 325 година во Никеја, каде св. Никола, од голема ревност за чистотата на верата Христова, на злобниот Ариј, кој погрешно учел дека Господ Исус Христос не е Син Божји, туку дека е Божја творевина, му удрил шлаканица. Поради тоа, од страна на архиереите на овој собор, му било одземено епископското достоинство. Но, потоа, повеќе свети отци имале видение, каде што Господ, преку Својата Мајка, му го враќа омофорот, односно архиерејското достоинство. Соборјаните одлучуваат да постапат според волјата Божја. Скоро сите знаат како св. Никола ќе спаси три млади девојки да ја сочуваат својата девственост и чесност, а да не бидат наведени на блуд и нечесен живот од страна на нивниот родител, кој западнал во економска криза. Св. Никола, скришум ноќно време, преку прозор му оставал средства за да може да ги омажи своите ќерки и тие да продолжат да живеат христијански и благочестив живот. Може да споменеме и уште едно чудо, коешто е поврзано со чудотворството на св. Никола. Двајца луѓе на правдина биле осудени. Кога биле изведени пред џелатот, во последен момент, св. Никола ја фаќа раката на џелатот, спасувајќи ги животите на неоправдано осудените.


Св. Никола, покрај овие чуда правел и многу други. Затоа, светата Црква, во неговиот тропар пее правило на верата и образ на кротоста. Преку тоа нè поучува и нас, да се угледаме на неговиот свет живот и на неговата кротост, смиреност и дарежливост, па и ние да го следиме неговиот пат. Да ја чуваме нашата вера чиста како што ни ја предале светите отци и нашите предци. Да бидеме кротки и смирени, на што нè повикува и словото Божјо. Да го почитуваме црковниот поредок и не само да се декларираме дека сме православни по име, туку, тоа да го покажуваме и во нашиот живот правејќи добри дела, како што Господ Христос ни вели: „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе" (Јн. 13, 35). Св. Никола биди со нас. Амин!

 

Св. Никола
19.12.2017 год.
храм „Св. Никола Геракомија" – Охрид

 

svnikola2017 1svnikola2017 2svnikola2017 3svnikola2017 4svnikola2017 5svnikola2017 6svnikola2017 7svnikola2017 8svnikola2017 9svnikola2017 10svnikola2017 11svnikola2017 12svnikola2017 13svnikola2017 14svnikola2017 15svnikola2017 16svnikola2017 17svnikola2017 18svnikola2017 19

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5