„Проповедникот вика: Кој виде да се очистува Сонце Кое е пресветло по природа, да Те измијам со водите Тебе, Кој си светлина на славата и слика на вечниот Отец? И јас, кој сум сено, да се допрам до огнот на Твоето Божество, зашто Ти си Христос, Божјата мудрост и сила“ (песна од канонот на Утрена на Богојавление на Господ Исус Христос).

 

На 19.01.2018 година, на денот кога пресветлото Сонце ја просветли вселената и на сите ни дарува просвештение, на празникот Богојавление - Водици, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Голем (Богојавленски) водосвет, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

best Running shoes brand | 『アディダス』に分類された記事一覧

 

По завршувањето на Литургијата, свечената литија, на чело со Митрополитот Тимотеј, се упати кон водите на Охридското Езеро, каде беше пречекана од многуброен народ. Тука, најпрво Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, а потоа беа осветени водите на езерото и беше фрлен светиот Крст. Оваа година, Крстот го фати Иван Лотески.

 

По завршувањето на чинот во Охрид, Митрополитот Тимотеј го изврши чинот на Голем (Богојавленски) водосвет на водите на Црн Дрим во Струга, а по осветувањето беше фрлен светиот Крст, кој оваа година беше фатен од Томче Голабоски. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Денешниот празник, во старата Црква, неслучајно се прославувал заедно со Божик, односно, со Рождеството Христово. Овие два празници се прославувале како еден, бидејќи тој празник ни сведочи за највеличествената вистина на Божјото откровение, односно дека Бог се јави во плот во светот. Но, тоа не било просто допирање на Светиот Дух до некои видни и важни личности, како што било во Стариот завет, туку, влегол и се допрел до целиот род човечки и до целата природа, до сиот Космос.


Гревот, кој се обидувал да ја разруши Божјата промисла за светот и за луѓето, гревот, кој бил движен од ѓаволската сила, не успеал да победи! Не успеал, затоа што Христос, Синот Божји, постанал и Син Човечки, и однел победа над гревот, односно над злото. Господ Исус Христос Својот животен пат го поминал во целосно општење со Бог Отецот. Во целосно соединување на Својата со волјата на Бог Отец. Самиот Себе, во полнота, се предал за осуштествување на Божествената промисла за човечкиот род.


Гревот е обессилен и победен. Тој нема повеќе сила да господари над луѓето. Задачата на Црквата Христова е на секој човек да му укаже дека не треба да допушти гревот и ѓавол да господари над човечкиот род. Дури и кога ние, поради нашите слабости, ќе паднеме пред искушенијата и соблазните и ќе отстапиме од Бога и од правдата, Црквата нè повикува, да не ја потчинуваме нашата слободна волја на гревот и на ѓаволот, туку, да се поправиме, и секогаш величајќи Го Бога како наш Творец, Создател и Спасител на светот.


Ние постојано сме опкружени од ѓаволот. Тој постојано нè напаѓа и сака да нè прелаже. Истото го прави кон целата Црква Христова. Но, не треба да ги заборавиме Христовите зборови: „На тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат"(Мт. 16, 18). Тоа значи дека Божјата правда никогаш нема да исчезне од животот на луѓето. Нема да исчезнат оние што ќе сакаат да живеат според слободната волја и да ги прифатат правдата и вистината. Кога би се собрале и здружиле и најголемите демонски сили, нема да можат да ги победат оние што живеат според Божјиот закон. Тоа е така, бидејќи Бог така сака.


Бог Отец, преку Својот Син Господ Исус Христос го победил гревот и ѓаволот во историјата на луѓето. Треба да знаеме дека таа победа не се случува само со нашите сили, односно со умствените сили и според нашата волја и чувства. Таа победа се случува преку нашата вера. На таа вера Бог одговара и ја дава Својата енергија, Својата благодат и Својата сила.


Неслучајно на Богојавление осветуваме вода. Водата е видлив знак. Знак на допирање на материјалната природа на целиот свет со Божјата благодат и Божјата енергија. Знаеме дека оваа вода поседува особена сила на лекување и помагање. Но, треба да знаеме дека таа сила не е волшебна. Таа сила не е бајачка, којашто би дејствувала независно од нашата волја. Таа е благодатна сила која дејствува, само тогаш кога ние ја земаме и ја употребуваме со вера и кога нашите глави и срца ги приклонуваме пред Господа. Затоа, многу е важно сите да знаеме дека денес, оние кои, според нашата традиција, се капат во Јорданските води, треба да знаат дека се допираат до светиња, односно, се допираат до Божјата благодат. Оние што се капат треба да покажат, не само физичка храброст на нивниот организам, туку, да ја осветат и нивната душа и да добијат бодрост и сила на нивниот дух.


Да ни помогне Бог со Неговата благодат да ја зачуваме нашата вера. Да го чуваме законот Божји во нашите срца и во нашите души. Да се спротивставиме на секаков грев и лага во нашите живот. Да одолееме на неправдата и да стоиме цврсто на фундаментот на нашата вера, односно, на каменот на којшто е создадена Црквата. Веруваме дека силата Божја ќе го преобрази нашиот живот и нашиот народ, па повеќемина ќе појдат по патот Христов и по учењето на нашата света вера и Црква, преобразени и облагородени исполнувајќи го редот и поредокот на нашата вера и Црква. Амин!


За многу години.

 

Богојавление
19. 01. 2018 година
Храм „Успение на Пресвета Богородица – Каменско" – Охрид

 

vodici2018 1vodici2018 2vodici2018 3vodici2018 4vodici2018 5vodici2018 6vodici2018 7vodici2018 8vodici2018 9vodici2018 10vodici2018 11vodici2018 12vodici2018 13vodici2018 14vodici2018 15vodici2018 16vodici2018 17vodici2018 18vodici2018 19vodici2018 20vodici2018 21vodici2018 22vodici2018 23vodici2018 24vodici2018 25vodici2018 26vodici2018 27vodici2018 28vodici2018 29vodici2018 30

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5