„Си засветлил како утро, навестувајќи Го Сонцето на правдата на оние што се во темнина, зашто ти си бил проповедник и Претеча на спасението на сите, и на сите си им говорел: Со вера пристапете кон Христа, и ќе се спасите“ (песна од канонот на Утрена на Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован).

 

На 20.01.2018 година, денот кога го прославуваме празникот Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован, во манастирот „Св. Јован Богослов“ Канео во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештениците Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

jordan release date | nike mercurial superfly green size 7 shoes europe Magic Mushroom , Where To Buy , DH7650-600 , Ietp

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Нашиот Спасител Господ Исус Христос, во Евангелието според Матеј вели: „Меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јован Крстител" (Мт, 11, 11). Кога ги слушаме овие зборови, си го поставуваме прашањето: Со што ги надминал св. Јован другите луѓе, па никој да не може да се спореди со него? Дали тоа е со неговото богатство? Не! Тој бил толку беден, па ниту облека немал, туку, се препашувал со кожа од камила. Дали имал комфорен и убав дом? Не! Тој живеел во пештери во Јорданската пустина. Дали со ученост? Не! Тој бил неук, бидејќи во пустината немал училиште. Дали имал познанства со видни луѓе и со аристократски семејства? Не! Тој бил сирак уште од млади години. Како што знаеме, неговиот татко Захариј бил убиен од Ирод, бидејќи не знаел каде се наоѓала неговата жена Елисавета, којашто избегала со детето кое Ирод го барал. Кога Елисавета разбрала дека Захариј бил убиен, од жалост починала. Затоа, на св. Јован, во пустината, познати му биле змиите, гуштерите и дивите ѕверови. Дали можеби можел да се пофали со прекрасни јадења? Не! Тој бил испосник. Се хранел со див мед и скакулци. Ете, со тоа можел да ги надмине другите луѓе, како што вели Господ Исус Христос.


Треба да знаеме дека за нас, христијаните, достоинството не се гледа или, пак, не се мери со богатство, власт и положба. Пред Бога нема значење материјалното богатство, туку, духовното. Токму, во тој однос, св. Јован Крстител се издигнувал над сите луѓе. Се издигнувал со неговото морално живеење, со духовната чистота и со совршенството. Уште во Стариот завет, пророкот Малахиј пророкувал за појавувањето на Јован Крстител, како ангел во човечко тело: „Ете, Јас ќе го испратам ангелот Свој, и тој ќе го приготви патот пред Мене " (Малахиј 3, 1). Покрај овој пророк и други пророци пророкувале за св. Јован Крстител. Исаија вели: „Гласот на оној што вика во пустината говори: ҆Пригответе Му пат на Господа, прави направете ги во пустината патеките за нашиот Бог; секој дол да се исполни, секоја планина и рид да се снизат; кривините да се исправат, и нерамните патишта да бидат израмнети; и ќе се јави славата Господова, и секоја плот ќе го види спасението од Бога; зашто устата Господова го изрече тоа҅ " (Ис. 40, 3 – 5). Потоа, четворицата евангелисти, кога зборуваат за св. Јован Крстител, зборуваат дека тој е пратен од Бога со голема мисија.


Целиот Стар завет ја подржува и ја проповеда верата за доаѓањето на Месијата. Така, претскажано е сè за Господа Исуса Христа. Претскажано е каде ќе се роди, кој ќе биде Јудејски цар, ќе бидат претскажани сите Негови маки и страдања. Додека, пак, мисијата на св. Јован Крстител била да ги приготви луѓето за примање на Исуса Христа и да покаже Кој е Исус Христос: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе" (Јн. 1, 29).


Св. Јован Крстител, преку својата проповед за покајание, всушност, повикува за поправање и за изменување на животот на луѓето. За лицемерието ги изобличувал садукеите и фарисеите, цариниците, како и самиот цар Ирод за неговиот неморал. Токму овие морални височини го издигнуваат св. Јован Крстител на пиедесталот на родените од жена.


Да се обратиме со искрена молитва кон светиот Јован Крстител и Претеча на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Тој да ја поткрепи и зацврсти нашата вера. Да се застапи пред лицето Божјо за нас. Па да можеме сите препреки и замки, кои ни ги приготвува нечестивиот, да ги пребродиме и да се ослободиме од гревот и од страстите. Имајќи го него како наш закрилник, да одиме по тесниот и трнлив пат, но единствениот којшто води кон царството небесно. Амин!

 

Собор на св. Јован Крстител
20. 01. 2018 година
Храм „Св. Јован Канео" – Охрид

 

svjovan2018 1svjovan2018 2svjovan2018 3svjovan2018 4svjovan2018 5svjovan2018 6svjovan2018 7svjovan2018 8svjovan2018 9svjovan2018 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5