„Откако се вселивте во непристапната светлина, со вашето свето присуство, апостоли, вашиот свет храм е како живеалиште на светлината, и постојано просветлувате со божествените проповеди. Затоа со вера викаме: Избавувајте нè од мракот и од секаква неволја, како и од опасни варварски напади, молејќи Го Создателот“ (седален на Утрена на Петровден).

 

На 12.07.2018 година, денот кога го прославуваме светлиот празник Собор на светите славни и сефални 12 апостоли, во храмот „Св. ап. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Наум Деспотоски и Стевче Тошевски, свештениците Александар Матески и Сашо Целески и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.     

Running sport media | Air Jordan 4 - Collection - Sb-roscoff

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!

Драги браќа и сестри,

Големиот проповедник на словото Божјо, светиот ап. Павле, во своето послание до Коринтјаните вели: „Бог го избра она, што е безумно во овој свет, за да ги посрами мудрите; Бог го избра она, што е слабо во овој свет, за да ги посрами силните" (1 Кор 1, 27). Од Евангелието знаеме дека Бог за Свои проповедници, односно, за Свои апостоли ги избрал простите и неучените рибари. Откако ги зацврсти овие прости и непознати, слаби и сиромашни луѓе, Христос ги испрати помеѓу силните цареви, страшните мачители и помеѓу многуте народи. Дали имаше малку цареви и кнезови, дали имаше малку богати и силни, дали имаше малку мудри и разумни луѓе во тоа време во светот? Но, зошто Бог не избра некои од нив за оваа служба? „О, каква длабочина на богатството, премудроста и знаењето на Бога!" (Рим 11, 33). Знаеме дека имало учени луѓе. Од друга страна, пак, биле фарисеите и садукеите, од кои, обичниот народ, поради нивното лицемерно однесување, треперел.

Но, Божјата премудрост ги одмина како недостојни. Отиде и ги избра простите рибари и цариници, на кои им ја довери на раководење Својата Црква. Бог ги избра простите и слабите од овој свет за да ги посрами мудрите и силните.

Во светот има многу луѓе кои, кога ќе се стекнат со некое достоинство, богатство или слава, почнуваат да размислуваат дека не се родени од мајка и дека телото не им е од земја. Честопати им изгледа дека никој не може да им даде одговор и да застане помеѓу нив. Затоа Бог ги избра обичните рибари за да го посрами високоумието и секој да разбере дека Бог е Бог за секој човек, а човекот без Бога е ништо. За тоа имаме многу примери во Библијата. Само да го спомнеме случајот како беше посрамен страшниот Голијат и тоа од еден млад Давид кој го уби без оружје, само со еден мал камен (1 Цар 17, 49 – 51). Да се сетиме како Мојсеј со овчарски зборови ги победи египетските философи и нивната мудрост. Слична таква непобедлива сила гледаме во двајцата апостоли, коишто денес ги прославуваме, преку кои Бог ја посрами светската мудрост. Издигнати на проповедничкото место, ниту философите и ораторите не можеле да им се спротивстават.

Бог ја отфрла светската мудрост за да покаже дека Христос Својата Црква ја утврди не врз сила, туку, ја утврди врз слаби, прости и бедни луѓе. Кога Христос ги повикал, овие луѓе оставиле сè и тргнале по Него. Да си спомнеме само за св. ап. Петар, колку бил подготвен да ја покори својата волја на Божјата. Кога ап. Петар, заедно со својот брат Андреј ловеле риба на Галилејското море, Христос ги повика со зборовите: „појдете по Мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе. И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него" (Мт 4, 19 – 20). Нешто слично се случува со повикот и на св. ап. Павле. Павле тргнал за Дамаск за да ги гони тамошните христијани. Но, Христос му се јавува прашувајќи го: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?" (Дела 9, 4). Штом разбрал дека Божјиот глас е Оној Кој го вика, од Савле постанува Павле, од гонител постанува проповедник.

Овие двајца првоврховни апостоли ќе бидат најголемите проповедници на словото Божјо по целиот свет. Ап. Петар повеќе ќе биде забележан по својата дејност кај Еврејскиот род, додека, пак, ап. Павле ќе биде поистакнат кај останатите многубожечки народи, затоа, тој го добива епитетот проповедник на народите. Како овие двајца, така и останатите Христови следбеници, ќе го прошират Евангелието на сите четири страни и ќе основаат многу цркви по целиот свет. Не треба да заборавиме дека тие го проповедаат Евангелието во еден многу тежок период. Период кога христијанството е жестоко гонето, како од еврејската власт, така и од Римските императори. Но, нема сила којашто можела да ги поколеба апостолите да го словат словото Божјо на сите народи по целиот свет. Бодрени од благодатта Божја, тие немале страв ниту од силните цареви, ниту од џелатите, ниту од моќници на овој свет, туку, храбро и без страв Го проповедале Христа Распнатиот и Воскреснатиот. Нивната оданост и припадност кон Црквата Христова ќе ја посведочат и со својата маченичка смрт, и двајцата во Рим. Ап. Петар, каејќи се за неговото трикратно откажување од Христа, ќе побара да биде распнат, не како својот Учител, со главата нагоре, туку, со главата надолу. Благодарение на мисијата на апостолите, Евангелието, уште од првите векови, проникнато е помеѓу сите народи. Тоа не се шири само во Палестина, туку, низ цела Европа, а на Исток дури до Индија. Денеска, пак, Евангелието е присутно на целата Земјина топка.

Светата Црква, преку животниот пат на овие апостоли, нè учи дека за Господа Бога не е важно дали сме учени или прости. Не е важно дали сме богати или сиромаси, туку, дали сме луѓе коишто живееме според волјата Божја и според заповедите на нашата вера и Црква. Сè што имаме во овој свет на крајот ќе го оставиме, а со нас ќе ја понесеме само душата и делата со коишто ќе излеземе пред лицето на Бога и Неговата правда.

Да се обратиме со искрена молитва кон светите апостоли Петар и Павле. Тие да бидат наши молитвеници, а ние достоинствено да го носиме христијанското име. Да правиме добри дела и да спечалиме милост Божја за спасение на нашите души. Амин!

 

Св. Ап. Петар и Павле

12. 07. 2018 год.

Храм „Св. Петар и Павле" - Кичево

 

petrovden2018 1petrovden2018 2petrovden2018 3petrovden2018 4petrovden2018 5petrovden2018 6petrovden2018 7petrovden2018 8petrovden2018 9petrovden2018 10 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5