„Венценосецу Георгие, стоејќи целиот светол пред чесниот престол на Оној што владее со сите, со твоите молитви и застапништва запази ги тие што со топла вера и љубов те призиваат тебе, Христов маченику“ (песна од канонот на Утрена на св. вмч. Георгиј Победоносец).

 

На 09.12.2018 година, во Дваесет и осмата недела по Педесетница и на денот кога го прославуваме споменот на светиот вмч. Георгиј Победоносец, на преп. Алимпиј Столпник и на преп. Стилијан, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Димче Азески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

latest jordans | Nike SB

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

На секоја Литургија, свештеникот, во задамвоната молитва, ги изговара зборовите: Полнотата на Твојата Црква зачувај ја! Со други зборови, Црквата се моли, Господ да ја запази Црквата со својата полнота – народот. Црква без народ ќе биде само обично здание. Здание со разни украси и нема да ја има својата вистинска суштина за којашто од Бога е основана.


Денеска, пак, за време на Литургијата, ја слушнавме многу добро познатата евангелска парабола, како еден домаќин подготвил гозба и поканил гости на истата. Но, од поканетите почнале да се правдаат со разни изговори. Еден купил волови, друг купил нива, третиот се оженил, па не можеле да дојдат на приготвената гозба.


Човекот е создаден да општи со Бога. Он постојано нè повикува на мистичната гозба. Затоа, Бог, најпрво ги испратил пророците, а потоа апостолите и учителите. Поради таа цел и Самиот Бог се овоплоти на земјата. Он, на Своите слуги, постојано им вели да ги повикаат сите луѓе на вечера. Затоа, во Евангелието се вели: „Многумина се повикани" (Лк 14, 24). На гозбата се повикани сите. Повикани се богатите и сиромасите, добрите и лошите, болните и ожалостените. Основната Христова цел е сите да влезат во царството, за коешто Он ја проли Својата крв на Крстот. Затоа Он вели: „Пијте од неа сите; зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина, за опростување на гревовите" (Мт 26, 27 – 28).


Универзализмот е основна карактеристика на христијанството. Многумина се повикани. Тоа значи дека сите луѓе се повикани да општат со Бога, за реализирање на предвечната замисла за единство со Бога. Затоа, Бог, во еден историски момент ја основа Својата Црква и ја реализира Својата мисија, каде што се повикани сите. Но, за жал, многумина не се одѕиваат. „Мнозина се повикани, а малцина избрани" (Мт 22, 14). Тие се малкумина, затоа што тесна е вратата и тесен е патот којшто води кон Животот, и не многумина го наоѓаат (Мт 7, 14).


Да не се збунуваме што безграничното Божјо царство се зародува во срцето на човекот, коешто Христос го споредува со безначајното синапово зрно, кое се развива во големо дрво. Како христијани, да не се плашиме, затоа што малкумина се избрани. Затоа, и Христос ја теши Својата Црква, односно, нас христијаните, онака, како што ги охрабрувал Своите апостоли, кога им вели: „Не бој се, мало стадо!" (Лк 12, 32).


Патот кон царството Божјо во светот е ограничен. Избраните, кои Го следеле Христа, споредбено со останатиот свет, секогаш биле малкумина. Малкумина биле апостолите. Малку се отци и учители на Црквата во споредба со милијарди и милиони останати луѓе. Доколку сакаме да направиме таква споредба, така е и со нас христијаните. Малку се светители и Божји угодници во споредба со останатите номинални христијани.


Еден од тие Божји угодници е и светиот великомаченик Георгиј, чијшто спомен денес го празнуваме. Како што знаеме, тој го избрал токму тесниот и мачен пат, жртвувајќи го својот живот за Христа. Затоа, светата Црква го прославува како свој херој и маченик, а Бог, пак, го обдарил да има смелост да се застапува пред Престолот на Севишниот за секоја христијанска душа, која со вера, надеж и љубов му се обраќа за содејство и застапништво, за избавување од секакви зла и за спасение на нашите души. Амин!

 

Св. вмч. Георгиј – 28. Недела по Педесетница
09.12.2018 год.
Храм „Св. вмч. Георгиј" – Охрид

 

svgjorgjizim2018 1svgjorgjizim2018 2svgjorgjizim2018 3svgjorgjizim2018 4svgjorgjizim2018 5svgjorgjizim2018 6svgjorgjizim2018 7svgjorgjizim2018 8svgjorgjizim2018 9svgjorgjizim2018 10svgjorgjizim2018 11svgjorgjizim2018 12svgjorgjizim2018 13svgjorgjizim2018 14svgjorgjizim2018 15svgjorgjizim2018 16svgjorgjizim2018 17svgjorgjizim2018 18svgjorgjizim2018 19   

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3