На 09.03.2019 година, на празникот I и II наоѓање на главата на св. Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Игор Никовски, свештеникот Атанас Казанџиски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување и го положи камен темелникот за изградба на нов храм, посветен на празникот „Вознесение Христово“ („Св. Спас“) во с. Трпејца, Охрид. Храмот ќе се гради по иницијатива на црковниот одбор од селото, чии членови се: Пере Ангелески, Крсте Трпоски и Номче Ташкоски, како и по иницијатива на семејството Таламаноски: Ацо, Марика, Маја, Ѓорѓи, Марија и Биљана од Пештани, Охрид. Храмот, до фаза карабина, ќе се гради со донација од семејството Таламаноски, а ќе се доврши со доброволните прилози од верниците од селото, пошироката околина, како и сите добронамерни верници. По завршувањето на чинот, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое ја истакна големината на подвигот да се гради дом Божји, како и за значењето на празникот на кого ќе биде посветен овој свет храм.
Nike footwear | Footwear