„Од сите краишта те фалат, славејќи те и со љубов ти викаат: радувај се, книго света, во која со прст се напиша Словото на Отецот, Чиста. Него моли Го во книгата на животот да се запишат слугите твои, Богородице“ (песна од канонот на Пресвета Богородица).
На 12.04.2019 година, во петокот од Петтата недела на Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужено Мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Акатистот, свештеникот Димче Азески, со благослов на Митрополитот Тимотеј, се обрати кон многубројниот верен народ со пригодно слово, во кое ја истакна улогата на Мајката Божја, без чии молитви, нашиот духовен живот и секој подвиг ќе бидат залудни.
Running Sneakers | Nike