„На Крстот се прикова, Животе на сите, и во мртвите се вброи, бесмртен Господи. Си воскреснал по три дена, Спасителе, откако го подигна со Себе Адама од распадливоста. Поради тоа небесните сили Ти викаа: Животодавче Христе, слава на Твоето Воскресение, слава на Твоето снисходење, единствен Човекољупче“ (воскресен седален во Недела на Утрена глас 1-ви).

 

На 30.06.2019 година, во Втората недела по Педесетница и на празникот на св. маченици Мануил, Савел и Исмаил и на преп. Јосиф и Пиор, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола ХРистоски, свештениците Ромео Петрески, Александар Крстаноски и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши преосветување на светиот престол во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи Победоносец“ во с. Врбјани, општина Дебарца, Охрид. Храмот е изграден во 1605 година, а сега се направи нов престол, иконостас и под, а направена е и дренажа околу храмот. По преосветувањето, веднаш беше отслужена и света архиерејска Литургија, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

affiliate link trace | Nike Dunk - Collection - Sb-roscoff

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Прародителскиот грев на Адам и Ева делувал разорно на целокупната човечка природа, како на духовна, така и на телесна. Човек со чист и бистар ум, со возвишени чувства на добро и радост за своето постоење со постојана волја и со непоматена совест и здраво тело, потполно се изменил и на духовен и на телесен план. На човекот му се заматил умот, му се помрачиле чувствата, ослабела волјата, му се поматила совеста и му ослабело телото. Човекот целосно се изменил. Господарот на природата постанал нејзин роб. Слугата Божји станал слуга на демонот. Гревот ја уништил сликата Божја во човекот и човекот по душа сличен на Бога почнал сѐ повеќе да личи на ѓаволот и станал отпадник од Бога. Станал причина за злото и за смртта. Огревовениот човек станал склон на болести и телесни и духовни слабости, а на крај подлегнал и на смртта како неминовна последица од гревот. Затоа бил истеран од Рајот и фрлен на земјата, која поради него почнала да раѓа коров и трње.


Овој неизмерен и голем пад на нашите прародители се пренел на целиот човечки род. Со одминувањето на времето, човештвото стенкало во грев и не можело само да се избави од таа состојба, како духовна, така и телесна. Затоа било потребно милоста Божја и Неговото човекољубие, кога се исполнило времето да се излее во лицето на нашиот Господ Исус Христос. Господ Исус Христос доаѓа од небесните височини и живее во овој свет во сѐ сличен на нас освен во гревот. Он ќе претрпи маки и распнувања, како и погребение, како искупителна жртва за сите нас. Но, да не се разбере дека човечкото спасение е исклучиво Божјо дело како Негово човекољубие. Тоа ни е дадено преку Господа Исуса Христа како задача, а не како завршен факт. Затоа Господ Христос ја основа светата Црква и во неа воведува свети тајни и ги избира дванаесетте апостоли да го проповедаат Евангелието. Така, оној кој ќе го прифати ова по своја волја ќе се спаси од грев, зло и вечна смрт.


Денеска светото Евангелие ни зборува како Христос ги избрал своите ученици и апостоли. Тој избрал прости рибари: најпрво Андреј Првоповикан и брат му Симон Петар, а потоа и Заведеевите синови Јаков и Јован. (Мт. 4, 18-22) Христос им вели: „врвете по Мене и јас ќе ве направам ловци на луѓе" Апостолите веднаш оставиле сѐ и пошле по Христа. Апостолите го почувствувале Божествениот глас во Исусовиот повик и Го препознале долгоочекуваниот Месија на човечкиот род. Затоа тие не размислувале и веднаш оставиле сѐ и со одушевеност заминале по Христа.


Овој повик се однесува на сите нас, а не само на апостолите. Овој повик: „Ајде по Mене" – се однесува за сите времиња од Господа, преку нас и се додека постои векот и човечкиот род. Христос постојано не повикува да одиме по Него, но никого не принудува. Исто како што човек со својата слободна волја отпаднал од Бога правејќи грев, унаказувајќи ја својата и материјална и духовна природа, исто така, со своја слободна волја треба да се врати кај Бога. Отфрлајќи го гревот, со самото тоа преку Црквата и светите тајни треба да си го врати првобитниот образ на својата природа. Затоа Господ вели: „Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со Мене". (Откр. 3, 20) Оние кои ќе го чујат повикот Христов и ќе го примат, односно ќе се крстат во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, го добиваат печатот од дарот на Светиот Дух. Го исполнуваат заветот на живиот Бог и ќе ја накитат својата душа со христијански добродетели и така ќе се спасат.


Па и ние, кои се наоѓаме во овој свет храм посветен на светиот великомаченик Георгиј, чиј престол денес беше преосветен, да го слушнеме Господовиот повик: „Ајде по Mене!", бидејќи Он е благ и долготрпелив, многумилостив и човекољубив, и сака сите да се спасиме.


Ја користам оваа прилика на парохискиот свештеник о. Александар Димоски, како и на црковниот одбор при храмот „Свети Георгиј Победоносец" да им искажам благодарност за нивниот труд и ангажман и за грижата овој храм Божји да биде вака убаво уреден. Свети великомаченик Георгиј да биде молитвеник пред Бога за зачувување на верата и одење по Христовиот пат кон вечен и блажен живот, сега и во сета вечност. Амин.


Втора недела по Педесетница
Преосветување на престол во храм
„Свети Георгиј Победоносец" с. Врбјани
30.06.2019 год.

 

prestolvrbj2019 1prestolvrbj2019 2prestolvrbj2019 3prestolvrbj2019 4prestolvrbj2019 5prestolvrbj2019 6prestolvrbj2019 7prestolvrbj2019 8prestolvrbj2019 9prestolvrbj2019 10prestolvrbj2019 11prestolvrbj2019 12prestolvrbj2019 13prestolvrbj2019 14prestolvrbj2019 15prestolvrbj2019 16prestolvrbj2019 17prestolvrbj2019 18prestolvrbj2019 19prestolvrbj2019 20

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Мај 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31