На 15.09.2019 година, во Тринаесеттата недела по Педесетница и на празникот на св. мч. Мамант и св. Јован Посник, во храмот „Св. вмч. Димитриј Солунски“ во Волонгонг, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Александар Ивановски, свештеникот Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Adidas footwear | Nike - Sportswear - Nike Tracksuits, Jackets & Trainers

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Во сите времиња луѓето се согласувале со мислењето дека историјата е учителка на животот. Но, тоа е така само кога е напишана непристрасно и објективно. Меѓутоа, се случува истата да ја пишуваат современици на настаните, па често тие се необјективни и пристрасни. Обично пишуваат според желбата и барањата на владејачките елити кои ги фалат и слават, или пак го величаат својот народ, а сите останати ги третираат како варвари и нецивилизирани народи. Затоа постојат многу несогласувања за едни исти историски настани.


И ние како христијани имаме свое гледиште на духовниот и моралниот развиток на човештвото. Целта на духовниот и моралниот развиток ја постави Самиот Господ Исус Христос, Кој ја формулирал на следниов начин: „Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен" (Мт. 5, 48) и „угледајте се на Бога како учтиви деца и живејте во љубов" (Ефес. 5, 1-2), бидејќи „Бог е љубов" (1 Јн. 4, 8) Христовата мисла за човековото усовршување на земјата не поставува никакви граници. Напредок во тоа усовршување е можен единствено таму каде што има слобода и каде човекот ги има сите права на духовен развој. А какви биле препреките на патот кон тоа морално и духовно усовршување е изложено во денешната Евангелска парабола, која ја слушнавме на денешната литургија. Оваа парабола е позната како парабола за лошите лозари.


Домаќинот овде Го означува Самиот Бог, а лозјето е народот. Лозарите, пак, се во прв ред старешините и закониците и сите кои биле повикани да се грижат за духовниот напредок на народот. Но, кога старешините и закониците ги занемариле своите обврски, па дури и на народот му ја одзеле слободата, а со тоа и правдата и милоста, па донекаде и човечноста, народот бил принуден да упатува силни молитви кон Бога и да бара спас. Тогаш Бог ги испраќа своите избраници кои моќно ги разобличувале силниците на земјата и ги опоменувале за нивното отстапување од законот Божји. Во Стариот завет тоа биле пророците. Но, силниците на времето ги фаќале овие Божји пратеници, па едни ги исмејувале, други претепувале, а некои и ги убивале. Но, не се посрамиле ниту од Синот Божји, туку и Него Го убиле. „Да Го убиеме " – си велеле тие, „бидејќи ако не Го убиеме, ние ќе останеме без власт и без чест, а што е најважно и без пари. Да Го убиеме Него, па лозјето и бербата ќе ни остане нам". Така зборувале, така постапувале, како тогаш со Него – така и преку вековите и со Неговите следбеници.


Овој метод на справување со неистомислениците, на прв поглед изгледа најлесен и наједноставен. Но, токму овој метод е најнеуспешниот. Затоа и старозаветните пророци и христијанските светители и учители, па и сите други луѓе кои донесувале добри идеи и добри вести кај народот, биле убивани само телесно, но нивните идеи не можеле да се заклучат и убијат.


Двеилјадигодишното искуство на христијанската вера и Црква покажува дека светците, како и сите носители на благородни идеи, токму откако биле убивани станувале посилни и повлијателни во споредба со времето додека биле физички живи. Господ Исус Христос ни сведочи дека и Самиот има поголемо влијание по погребението, отколку додека бил жив. Да се убијат следбениците на христијанството значи да им се помогне нивната проповед да победи во светот.


Во таа смисла треба да го разбереме Исуса Христа кога вели дека Он е каменот Кого ѕидарите Го отфрлија. Но, Он постана аголен камен на човековата мисла и историја, бидејќи христијанството е најголем носител на цивилизација во светската историја. Па и нас, светата Црква нѐ повикува на постојано издигнување и поправање, на отфрлање на сѐ што е ниско, злобно и пакосно. Не повикува да го засакаме сето она што е чисто, благородно и свето. Преку тоа ние се усовршуваме во доброто и кога одиме по Господовиот пат, тогаш можеме да се надеваме на милоста Божја, исполнувајќи ја и Неговата заповед: „Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен". По молитвите на свети Димитриј, така нека биде. Амин.


Тринаесетта недела по Педесетница
„Свети Димитриј", Волонгонг
15.09.2019 год.

 

волонгонг2019 1волонгонг2019 2волонгонг2019 3волонгонг2019 4волонгонг2019 5волонгонг2019 6волонгонг2019 7волонгонг2019 8волонгонг2019 9волонгонг2019 10волонгонг2019 11волонгонг2019 12волонгонг2019 13волонгонг2019 14волонгонг2019 15волонгонг2019 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5