„На смирението твое Константине, во неправедното страдање, сечесен, се восхитуваме и Христа Го славиме, зашто во маките те покажа возвишен како првосвештеник кој себе се принесе, затоа велегласно пееме: Радувај се, пастиру охридски“ (седален на Утрена на св. ап. и ев. Лука и св. Константин Кавасила).

 

На 31.10.2019 година, денот кога го прославуваме споменот на св. апостол и евангелист Лука и на св. Константин Кавасила Архиепископ Охридски, во манастирот „Вознесение Христово“ („Св. Спас“) во с. Г. Лакочереј, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноаначслтвуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Љупчо Бакрачески и Александар Димоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Оливер Новески. Овој ден и оваа Литургија ќе остане засекогаш запаметена за ѓаконот Оливер, кој од раката на Митрополитот Тимотеј беше ракоположен во свештенички чин. Од името на Митрополитот Тимотеј, како и од име на свештенството, монаштвото и сиот верен народ од нашата Епархија, му го честитаме свештеничкиот чин на отец Оливер, со желби за успешна пастирска мисија, та водејќи го своето доверено стадо на вистинскиот пат, да го оправда својот позив и да застане десната страна на нашиот Спасител. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон клирот и верниот народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

Sports Shoes | Nike

 

По завршувањето на Литургијата, беше организиран и свештенички семинар за свештенството од нашата Епархија. Предавач на семинарот беше свештеникот Александар Димоски, кој за оваа прилика избра литургиска тема, со наслов „Една Литургија во денот“ (историско-литургиски осврт). Темата предизвика интересна полемика, што говори за добриот избор на истата, но и за заинтересираноста на нашето свештенство за ваквите теми, кои не се сувопарни философирања, туку навлегуваат длабоко во боголужбениот поредок, како и во секојдневните проблеми на клирот. 

 

Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј. 

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Денеска светата православна Црква прославува двајца големи учители на словото Божјо. Првиот е светиот апостол и евангелист Лука, кој Го слушал и Го следел нашиот Спасител Господа Исуса Христа за време на Неговиот овоземен животен пат. Тој е познат во нашата света Црква како писател на третото свето евангелие, како и на Делата апостолски. На свети Лука, според древната црковна традиција му се припишуваат и првите икони на Пресвета Богородица. Овој Божји угодник го проповедал Евангелието со голема ревност и како најголема потврда за неговата сеоддана преданост, тој го жртвувал својот живот за Господа Христа. Нема поголема жртва од давањето на својот живот за одредена идеја, верување, убедување и сл.


Светите апостоли Го виделе Спасителот во Неговата слава за време на светото Преображение. Тоа го виделе и пророците кои присуствувале на овој настан и учествувале во Божјата слава. Од тука можеме да видиме дека во вечниот живот, славата на светителите ќе биде слична на Христовата слава. Тие ќе бидат слични на Него, бидејќи ќе Го видат каков што е. (1 Јн. 3,2) При Неговото Преображение, лицето му беше како сонце. „Тогаш праведниците ќе светнат како сонце во царството на нивниот Отец." (Мт. 13, 43) Бог „ќе го преобрази нашето понизено тело така, што тоа ќе стане подобно на Неговото славно тело". (Фил. 3, 21) Ете гледаме каква радост и сладост ќе има таму. И свети апостол Петар ја почувствувал во себе оваа радост, кога ја видел Божјата слава и тоа колку што можел да поднесе, а не колку што сакал. Затоа не сакал да слезе од планината и сакал да остане таму. Апостолите виделе само мал дел од славата Божја, но затоа почувствувале огромна радост и сладост. Затоа се поставува прашањето: Колкава ќе биде радоста и веселието кога ќе се јави целата слава Божја и ќе Го видат Бога лице в лице (1 Кор. 13, 12).


Уште во Стариот завет пророците повикувале кон Царството Божјо. Истото го правеле и апостолите и нивните наследници: светиите, црковните учители и подвижници кои заблескале се подвигот уште од древните времиња. Но, сите овие повици на гореспоменатите не биле само со збор, туку и самите брзале кон ова призвание преку нивниот живот и со нивните постапки. Ништо не можело да ги попречи, ниту да ги оддалечи од Бога и од царството Божјо и од тој нивен стремеж. Затоа, тие целото свое богатство, почести и слави и секакви други благодети на овој свет ги сметале за ништожни. Тие не се плашеле ниту од темници и окови, рани и мачења и сето тоа го поднесувале со цел да го добијат Царството Божјо. Така, и нивните наследници и последователи со голема ревност и стремеж оделе кон небесното призвание и со неверојатна цврстина ги следеле во нивниот живот. Така, нивниот пример се проширувал и привлекувал огромен број на луѓе, кои Го прифатиле Христа и брзале кон Царството небесно.


Второто светило кое денес посебно го чествува нашата Црква е свети Константин Кавасила, охридски архиепископ од XIII век. Овој Божји угодник го словел словото Божјо на нашиве простори, а посебно е значаен поради тоа што ќе го развива култот на охридските заштитници свети Климент и Наум. Поради неговиот свет живот и достоинствена архипастирска дејност, светата Црква брзо по неговото упокојување го сврстува помеѓу Божјите угодници, па затоа уште во 1295 г., после само дваесетина години од неговото упокојување го среќаваме неговиот лик во храмот Света Богородица Перивлепта, веднаш до свети Климент Охридски.


Да се обратиме со искрена молитва кон свети апостол и евангелист Лука и кон свети Константин Кавасила, тие да бидат наши молитвеници, па да можеме и ние да го словиме словото Божјо и да измолиме милост Божја за наше спасение.


Ја користам оваа прилика на новоракоположениот свештеник Оливер Новески да му го честитам ракополагањето во овој свет манастир во Охрид. Верата и подвигот на свети апостол и евангелист Лука и на свети Константин Кавасила нека му бидат пример за подражавање, па достоинствено да го носи свештеничкиот чин за прослава на Бога и на нашата света Македонска православна црква, а за спасение на неговата душа и на неговата паства која во иднина ќе ја раководи на патот Христов во Берлин во Германија. Нека е честито и од Бога благословено. Амин.

 

Свети апостол Лука и свети Константин Кавасила
Манастир „Вознесение Христово - Свети Спас"
Горно Лакочереј
31.10.2019 год.

 

svkonstkav2019 1svkonstkav2019 2svkonstkav2019 3svkonstkav2019 4svkonstkav2019 5svkonstkav2019 6svkonstkav2019 7svkonstkav2019 8svkonstkav2019 9svkonstkav2019 10svkonstkav2019 11svkonstkav2019 12svkonstkav2019 13svkonstkav2019 14svkonstkav2019 15svkonstkav2019 16svkonstkav2019 17svkonstkav2019 18svkonstkav2019 19svkonstkav2019 20svkonstkav2019 21

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5