„Со песни го величаме големиот испосник, зашто ги умртви нападите на страстите; со трајно воздржување и трпение, навистина го посрами непријателот противник, и сета горделивост негова ја порази; и сега моли се за спасение на душите наши“ (седален на Утрена на преп. Прохор Пчински).

 

На 01.11.2019 година, на празникот на Преподобниот отец наш Прохор Пчински, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Сашо Богданоски, свештениците Љупчо Бакрачески и Оливер Новески и ероѓаконот Анатолиј. По завршувањето на Литургијата, беше осветено коливото и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Authentic Nike Sneakers | Nike Air Force 1 Low White Grey Gold - CZ0270-106

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Светиот апостол Павле вели: „Со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба, имајќи го пред очи Началникот и Завршителот на верата – Исуса". (Евр. 12, 1-2) Со други зборови, секој човек секогаш пред себе треба да има еден идеал за да стаса во својот живот до таа цел, борејќи се да ја изоди најдобро патеката на својот живот. За нас христијаните најголем идеал е нашиот Господ Исус Христос. Но, патот кон Него е тесен и стрмен. Меѓутоа, тоа е единствениот пат кој води во вечен живот.


Во светото Евангелие се вели: „Кој сака да оди по Мене нека се одрече од себе и нека го земе својот крст и нека врви по Мене". (Лк. 9, 23) На тој пат, потребно е човекот да гледа кон небото и да Го доживува Синот Божји, Кој се роди на земјава како Богочовек. Тој беше распнат на крстот на Голгота, воскресна, се вознесе на небо и седи од десната страна на Бог Отецот. Такво видение имал и свети Прохор Пчински чиј спомен денеска чествуваме. Самиот празник и нас нѐ упатува какво видување и доживување треба да имаме и гледајќи на Христа да го одиме нашиот животен пат.
Големите духовници зборуваат за тоа дека луѓето имаат три вида на гледање. Првото е сетилно гледање. Така гледаат сите живи суштества – сите кои имаат телесни очи. Второто гледање е преку разумот. Третото, пак, преку верата. Такво гледање имаат луѓето со вера, кои секое свое прашање во животот го решаваат преку вера во Бога, односно во Господа Христа. Првите христијани постојано и во секоја прилика се прашувале што би направил Христос во оваа состојба или неприлика. Како би постапил во животните прилики или неприлики со кои тие се соочуваат. Има еден случај, во кој еден човек се пожалил на својот пријател, велејќи: „Паднав на дното на животот и ми нема спас". Пријателот му одговорил: „Заблагодари на Бога што си достигнал до дното и повеќе немаш каде да паѓаш подолу. Сега обрати се кон Христа и гледајќи на Него полека подигај се. Не е најжалосно што си паднал на дното на животот. Ќе биде трагично ако повторно не се издигнеш на врвот на верата и моралот".


На највисокиот врв на човековата судбина и историја стои нашиот Спасител Господ Исус Христос. Тој стои на совршениот врв и никој во светот не може да се спореди со Него. Никој и никаде во светот не би можел да ја надмине Неговата наука и Неговите начела и пример. Затоа Христос може да се види во положбата на секој човек, но потребно е само да сакаме да го видиме. Треба да сакаме да Го слушаме Него и на Него да се угледуваме. Затоа, потребно е секој човек сиот свој живот да се стреми да се искачува на таа височина на која се наоѓа Христос. Гледајќи во Христа во текот на нашиот живот, ние полесно ќе ги пребродиме сите животни препреки и слабости кои се неизбежни во овоземното патување.


Денеска го прославуваме свети Прохор Пчински и потребно е со нашите мисли и чувства и со молитвата да се задлабочиме во делото на овој Божји угодник. Овој угодник Божји целиот свој живот го поминал на Христовиот пат и Господ Христос бил неговиот апсолутен идеал. Токму затоа сецело се посветил на Христа, не штедејќи го животот и подвизувајќи се во студени пештери и хранејќи се скромно и испоснички. Токму затоа, Бог го обдарил со изобилна благодат за да лекува секакви болести кај луѓето кои со вера му се обраќаат. И ние да се обратиме со искрена молитва кон свети Прохор и да се надеваме и да веруваме дека тој ќе биде наш молитвеник пред престолот Божји. Да го отфрлиме од нашиот живот секој грев што не одделува од Бога и нѐ приврзува кон овој лажен свет. Амин.


Свети Прохор Пчински
Манастир „Свети Климент и Пантелејмон" Плаошник
01.11.2019 год.

 

svprohor2019 1svprohor2019 2svprohor2019 3svprohor2019 4svprohor2019 5svprohor2019 6svprohor2019 7svprohor2019 8svprohor2019 9svprohor2019 10svprohor2019 11svprohor2019 12svprohor2019 13svprohor2019 14svprohor2019 15svprohor2019 16 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3