„Апостоле Христов, прв меѓу ѓаконите, мудар првомаченику, врву на апостолите, со твоите страдања ги освети краиштата на вселената, и со чудеса ги просветли душите на луѓето. Оние што те почитуваат, избави ги од секаква неволја, сефален Стефане“ (седален на Утрена на св. апостол, првомаченик и архиѓакон Стефан).

 

На 09.01.2020 година, кога го прославуваме споменот на светиот апостол, првомаченик и архиѓакон Стефан, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Петар Бојчиноски и Христијан Костоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Sneakers Store | Buy Yeezy Slides 'Core' - Kanye West x Adidas — Ietp

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Драги браќа и сестри,

Следењето на Господа Исуса Христа е празник за живата и дејствителна вера. Да Го следиме Христа кога го носиме својот крст, означува да имаме жива и вистинска вера. Верната душа се впрегнува заедно со Христа, како жената што се омажила за својот младоженец. Како што телесните делови се неразделни од главата, така и човековата душа сака да биде постојано со Христа, неразделна од Него, како во страдањата, така и во славата. Свети апостол Петар пишува: „Христос пострада за нас и ни даде пример за да одиме по Неговите стапки." (1 Петр. 2, 21) И повторно, друг апостол вели: „Вие треба да ги имате истите мисли што ги има Исус Христос." (Филип. 2, 5) Самиот, пак, Господ Исус Христос преку устата на свети Јован Богослов вели: „Затоа ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас." (Јн. 13, 15)

Христос е глава на Црквата, а синовите на Црквата се Неговите верни чеда. И ние како членови на телото Христово, ако сакаме да бидеме вистински Негови последователи, треба да бидеме неразделни од Него со вера и љубов и да се соединиме со Него. Како што Он прави и ние да правиме и каде Он оди и ние да Го следиме. Зашто членовите на телото се неразделни од главата, како што тоа можеме да ги видиме во нашето материјално тело. Христос е верен и мудар водач, кој ги води по патот во овој свет оние што сакаат да Го следат и ги доведува во небесната татковина. Затоа и ние треба да Го следиме, ако не сакаме да се заблудиме и да тргнеме по патот на погибелта. Христос е добар Пастир. Затоа ние треба да го слушаме Неговиот глас со кој нѐ повикува да одиме по Него: „Кој Ми служи Мене, нека врви по Мене." (Јн. 12, 26)

Христос е нашиот учител и наставник, Кој нѐ учи и упатува по патот на вистината. Затоа треба да се поучиме од Него. Да се поучиме од тоа како Тој со Неговиот непорочен живот, ни ја покажа славата Божја. Ако сакаме да бидеме Негови ученици, треба да престојуваме во Неговото слово, според Неговите зборови: „Ако вие останете во Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици". (Јн. 8, 31) Христос е светлина на светот. (Јн. 8, 12) Ако не сакаме да престојуваме во темнина, треба да ја следиме светлината и тогаш нема да нѐ опфати темнина.

Да Го следиме Христа значи да бидеме Негови ученици со збор и со дело. Христос ги избрал Неговите ученици не со принуда или, пак, поради лична корист и потреба. Он никого не принудува да оди по Него, иако тоа може да го направи како Господ. Он ги повикува и на секого поединечно му вели: Врви по Мене. Неговите ученици оделе по Него со голема љубов и желба. По Него оделе не само со нозете, туку и со душите и срцата. И денес Христос ни вели да одиме по Него со вера, смиреност, љубов и трпение. Го следиме Господа Христа, зашто Он заради нас дојде и поживеа на земјава. Светата Црква и Господ од нас бараат да оставиме сѐ на овој свет и да Го следиме, ако сакаме да бидеме Негови следбеници не само со збор, туку и со дела и така ќе го оправдаме името христијани и ќе потврдиме дека сме следбеници Христови.

Ние денеска го прославуваме свети архиѓакон Стефан кој Го следел Христа и неговото доследно одење по Христа го посведочил со маченичка смрт. Но, просветлен и осветен од Божјата љубов, тој и во смртниот час се молел на Бога за неговите убијци со зборовите: „ Господи, не примај им го ова за грев!" (Дела 7, 60)

Да се обратиме со искрена молитва кон Господа Христа и кон свети архиѓакон Стефан за да ни ја засилат верата православна, да се просветлиме со благодатта Божја, па да одиме по Христа онака како што од нас бара светата Црква и православната вера. По молитвите на свети Стефан нека биде така. Амин.

 

Свети архиѓакон Стефан

Храм „Свети Георгиј Победоносец" Струга

09.01.2020 год.

 

svstefan2020 1svstefan2020 2svstefan2020 3svstefan2020 4svstefan2020 5svstefan2020 6svstefan2020 7svstefan2020 8svstefan2020 9 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5