„Богоносен и префален Вартоломее, навистина се покажа како разгорен јаглен од Светиот Дух, изгорувајќи го сеното на прелеста, и просветлувајќи ги срцата на оние кои те воспеваат со вера“ (песна од канонот на Утрена на св. ап. Вартоломеј и Варнава).

 

На 24.06.2020 година, на празникот на св. ап. Вартоломеј и Варнава, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на новиот храм „Св. ап. Вартоломеј“ во с. Годивје, општина Дебарца, Охрид. Храмот започна да се гради во 2018 година, а ктитор на храмот е д-р Бошко Ставрески со семејството. Иконостасот е дело на Гоце и Филип Крстевски од Битола, а фрескоживописот и иконите се дело на Марјанчо Ристески од Охрид. По осветувањето на храмот се отслужи и првата Литургија, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

best Running shoes brand | Nike Off-White

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Сите ние како луѓе имаме свое име и презиме. Но, има име кое е подрагоцено од секое друго име. Има име кое е ризница пред Бога, а тоа име е ученик Христов или ученик на Синот Божји. Самиот Господ Исус Христос, еден дел од луѓето кои живееле и живеат на земјата ги нарекува со ова име. Така Тој ги нарекол првите Свои ученици. Првите луѓе кои поверувале во Него се увериле во тоа дека пред нив не стои просто човечко суштество, туку Бог Кој постанал човек за спасение на луѓето. Ти си Син на живиот Бог – рекол свети апостол Петар. Па, и ние да повториме како свети апостол Петар: Ти си Син на живиот Бог. Тогаш Семилостивиот ќе ни одговори како на свети апостол Петар: ниту телото, ниту учењето, ниту книгите, ниту богословието не ви го открија тоа, туку Духот Мој и на Отецот ви го открил она што е вистина (Мт. 16, 17). Ова не е некое ново знаење, туку е суштина на нашето живеење во Бога. Какви биле овие први апостоли и следбеници на Христа? Тие не можат да се споредат со ниеден следбеник Христов кој подоцна ќе го прими христијанството.


Апостол Павле за себе вели дека се чувствува како најмал и недоносен. Но, сѐ се изменило откако се сретнал со Христа. Каква е силата на Духот, слушаме постојано од Апостолот и Евангелието. Ништо не може да го запре проповедањето на апостолите за спасението на луѓето. Бог дошол во светот, се соединил со паднатите луѓе и преку верата во Бога ги соединува сите луѓе. Тоа не може да се објасни со човечки разум и човечка сила, освен да се каже дека сето тоа се случува со Божјата сила и Неговата благодат. Апостолите со таа сила оделе и не се плашеле од никакви потешкотии што ги снаоѓале при проповедта на словото Божјо, со единствена цел – спасение на човечкиот род. Ние знаеме дека сите апостоли претрпеле најразлични прогонства, затвори, тепања, каменувања, но не престанале да Го проповедаат Христа раснатиот и воскреснатиот. Во секоја литургија, во една од молитвите читаме дека Бог не отстапил од нашето спасение и не гледајќи ги сите наши гревови и отстапувања, направил сѐ што било потребно за да нѐ искачи на небото во царството Божјо.


Кај апостолите, силата Божја се покажувала во немоќта, како што вели Самиот Бог. Како што апостолите во немоќта ја добивале силата, така и ние треба да се понизиме и да се смириме, покажувајќи покорност кон волјата Божја, па и ние да ја добиеме таа сила и да можеме не само да го слушаме словото Божјо, туку и да живееме според него. На смирените и покорни луѓе, Бог секогаш им дава сила. Со благодатта Божја, човекот може да прави добри дела, да твори милосрдие и да пројавува други евангелски добродетели.


Но, ние знаеме дека во нашиот живот често пати Бог допушта да нѐ снајдат разни искушенија, болести и страдања. Како Христијани сме должни тој крст што Бог ни допуштил да го носиме, да го носиме достоинствено и христијански без роптање на Бога. Со покорност и молитва треба да бараме ако е можно да не одмине, но не според нашата волја и желба, туку според Божјата. Често пати, Бог ни испраќа такво искушение за да ја провери нашата вера и цврстина и вистинитоста на нашето исповедање дека сме Христови ученици и следбеници.


Светите апостоли, не само Вартоломеј и Варнава кои ги прославуваме денес, туку и останатите, го проповедале Евангелието на карактеристичен начин, преку благодатта Божја која била врз нив. Скоро сите од нив го завршиле животот маченички, а со тоа посведочиле дека се Христови и со срцето и со душата и со целокупното свое битие, бидејќи нема поголема љубов и жртва од тоа да се положи својот живот за Христа. Денеска живееме во слобода и од нас никој не бара такви подвизи и мачеништва. Но, волјата Божја од нас бара да живееме според евангелските начела, да се бориме против гревот кој е во нас и против сите страсти и слабости и да покажеме добри дела. Со тоа да ги прославиме и денешните апостоли Вартоломеј и Варнава, а истовремено и нашиот Спасител, на Кого нека е слава и благодарност сега и во сета вечност.


На крај би сакале да искажеме искрена благодарност на ктиторот г-дин Бошко Ставрески со неговото семејство, кој издвои од својот буџет за да го подигне овој дом на Севишниот Бог. Во нашиот народ постои поговорка која вели: Раката што дава, Бог никогаш не ја остава празна. Да се помолиме на Севишниот и на светите апостоли Вартоломеј и Варнава, чиј спомен денес празнуваме, тие да бидат негови молитвеници и застапници за успех на секое поле во овој живот и спасение во вечниот и блажен живот. Искажуваме благодарност и на сите останати кои придонесоа да се изгради овој дом Божји, пред се на месното население од Годивје, како и на останатите православни верници кои на било кој начин се вградиле во овој храм. Овој дом Божји нека ни биде поттик да се поправиме и исправиме, да одиме по вистинскиот пат, кој ќе ни послужи да се ослободиме од земните страсти и слабости, па да се издигнеме повисоко и да го најдеме Царството небесно преку исправен христијански живот. Амин.

 

Осветување на храм
„Свети Вартоломеј" с. Годивје
24.06.2020 год.

 

osvetgodivje2020 1osvetgodivje2020 2osvetgodivje2020 3osvetgodivje2020 4osvetgodivje2020 5osvetgodivje2020 6osvetgodivje2020 7osvetgodivje2020 8osvetgodivje2020 9osvetgodivje2020 10osvetgodivje2020 11osvetgodivje2020 12osvetgodivje2020 13osvetgodivje2020 14osvetgodivje2020 15osvetgodivje2020 16osvetgodivje2020 17osvetgodivje2020 18osvetgodivje2020 19osvetgodivje2020 20osvetgodivje2020 21osvetgodivje2020 22

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3