Празникот на светиот великомаченик Димитриј Мироточив, чудотворецот солунски, во Дебарско-кичевската епархија свечено беше одбележан со света архиерејска Литургија во црквата "Света Богородица – Каменско" - Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители од епархијата.

 

bridgemedia | Air Jordan Sneakers

 

Согласно зборовите на свети Игнатиј Антиохијски Богоносец: "Каде што е епископот таму е и Црквата", многуброен верен народ од Охрид и околината, собран околу својот Пастироначалник, присуствуваше на литургиското собрание и заеднички го славеа и му благодареа на Бога и на Неговиот угодник, светиот великомаченик Димитриј, солунскиот чудотворец. Воден од потребата за нивното правилно духовно раководење и од грижата за нивното спасение, Митрополитот Тимотеј, кон своето словесно стадо се обрати со поучно слово во кое словеше за животот и подвизите на свети Димитриј, повикувајќи и ние, бестрашно и храбро да Го исповедаме и да го славиме Бога поткрепени со Неговата благодат и со молитвите на храбриот Христов војник, свети Димитриј.

На светата Литургија во чин презвитер беше ракоположен ѓаконот Саше Костадиноски од Македонски Брод, на кого молитвено му посакуваме Бог да му дарува сила и мудрост правилно да работи на нивата Божја и да го сее словото Божјо, и при Второто Христово доаѓање да пожнее живот вечен. Амин!

svDimitrij

svDimitrij

svDimitrij

svDimitrij

svDimitrij

svDimitrij

svDimitrij

svDimitrij

svDimitrij

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3