„Оној што пред ѕвездата Деница се роди од Отецот без мајка, денес на земјата се воплоти од тебе без татко. Затоа ѕвездата им благовести на Мудреците, а ангелите со пастирите го воспеваат твоето неискажливо раѓање, Благодатна“ (кондак на Утрена на Собор на Пресвета Богородица).

 

На 08.01.2018 година, на денот на празникот Собор на Пресвета Богородица, во храмот „Пресвета Богородица - Челница“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

Раѓањето на нашиот Спасител со голема и искрена радост беше прославено и од устите на дечињата од свештенството од нашата Епархија. На денот на Рождеството Христово, во просториите на административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј приреди прием за свештенството од нашата епархија, а особено се израдуваа најмладите, кои му го честитаа Божик на Дедо Владика, а тој, како вистински духовен татко, им подари пакетчиња и од сѐ срце им возврати на нивниот поздрав: Христос се роди!

Повеќе...

„Денес Христос се раѓа во Витлеем од Дева, денес Беспочетниот влегува во времето, и Словото се воплотува: силите небесни се радуваат, и земјата со луѓето се весели; Мудреците Му принесуваат дарови на Господа, а пастирите Му се восхитуваат на Родениот, а ние непрестајно викаме: Слава на Бога во висините и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја“ (хвалитна стихира на Утрена на Рождество Христово - Божик).

 

Радувајте се луѓе, Словото стана тело и Дева Го роди Бога и сета твар се радува. Затоа сите да Го прославиме Бога со сето свое срце, зашто се удостоивме за Светлата Вистина, Која ни дарува ослободување од темнината и смртната сенка.

 

На овој торжествен и радосен ден, на празникот на светлото Рождество Христово - Божик, на 07.01.2018 година, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прочитано Божикното послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во кое заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, им го честита празникот на сите верни чеда на нашата света црква. Истото во продолжение ви го пренесуваме во целост.

Повеќе...

„Денес ликуваат сите ангели на небесата, и се радуваат луѓето, а се весели и сета твар поради Родениот во Витлеем Спасител и Господ, зашто идолската лага престана, а царува Христос во вековите“ (стиховна стихира на Вечерна на Рождество Христово).

 

Во навечерието пред големиот и радосен празник на раѓањето по тело на нашиот Спасител Господ Исус Христос, на 06.01.2018 година, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Стевче Тошевски, свештениците Ристо Камбуроски, Александар Матески и Александар Крстаноски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, беа осветени бадниковите гранчиња, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Откако твојот крст го зеде на рамо, мудар Науме, си Го следел Христа, единствениот Цар, од Кого си го примил и венецот на победата, како оној што се борел според правилата, богоблажени“ (песна од Канонот на Утрена на преп. Наум Охридски Чудотворец).

 

Празнувањето на споменот на преподобниот отец наш Наум Охридски Чудотворец, започна на 04.01.2018 година, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, со празнична вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. 

Повеќе...
Страница 3 од 160

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Февруар 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 1