„Во спомен на спасоносните зборови, слушнати од Отецот и предадени на апостолите, Христос Го испраќа Духот во вид на огнени јазици; а созданието, преку преобразеното присуство, Ти пее: Господи, благословен си“ (песна од Канонот на Утрена на Педесетница).

 

На 04.06.2017 година, во Неделата на светата Педесетница, во храмот „Св. Троица“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Кирил Јованоски, Ромео Петрески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужена и Вечерна богослужба, на која беа прочитани коленоприклоните молитви на Педесетница. Потоа беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а се изврши и свечена литија околу самиот храм.

Повеќе...

„Постојано озаруван со нематеријалната светлина на благодатта, си го примил свештеничкото достоинство, блажени Кириле, и, со помошта на Светиот Дух, си го пронашол словенското писмо, та, откако луѓето се просветлија со преводот на Боговдахновените книги на нивниот сопствен говор, да пеат: Сите дела Господови, благословете Го Господа“ (песна од Канонот на Утрена на светите Кирил и Методиј).

 

И оваа година, Македонската православна црква - Охридска архиепископија, со сите свои верници, не го заборавија делото на светите браќа, нашите и сесловенските просветители. Така, по повод празникот на светите браќа, а со Одлука на САС на МПЦ-ОА, беше испратена делегација на вечното почивалиште на светиот Кирил во Рим. Делегацијата ја сочинуваа: Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој беше и водач на делегацијата, Митрополитот Европски г. Пимен, свештениците Роберт Илијевски и Александар Матески и ѓаконот Сашо Целески. На денот на светите просветители, беше отслужен Молебен на гробот на светиот Кирил, а по Молебенот, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„За твојот славен спомен, Атанасие, ти составуваме песна каква што прилега, но се лишуваме од твоите поголеми по достоинство песни. Затоа просиме да ни дадеш прошка и изобилна благодат на Духот преку тебе“ (песна од Канонот на Утрена на свети Атанасиј Велики).

 

На 15.05.2017 година, денот кога го прославуваме празникот на светиот Атанасиј Велики (летен), во манастирот „Св. Атанасиј Велики“ (ман. „Св. Наум Охридски“) во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Си седнал крај изворот во шестиот час, Спасителе, и на Самарјанката си и дал жива вода, поради неизмерното милосрдие. Со неа и ние викаме, пеејќи: Дела Господови, благословете Го непрестајно Господа“ (песна од Канонот на Утрена во Недела на Самарјанката).

 

На 14.05.2017 година, во Неделата на Самарјанката и на празникот на св. пророк Еремија, а по повод шестмесечниот помен за игуманија Агнија, во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Стевчо Тошевски и Никола Христоски, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен и Парастос за игуманијата Агнија, а потоа Митрополитот Тимотеј го освети новиот надгробен споменик на вечното почивалиште на игуманијата Агнија. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...

„Ете, пролетта на благодатта болсна, Христовото воскресение им засветли на сите, а со него сега свети и сепразничниот и светлоносен ден на маченикот Георгија. Дојдете сите, носејќи свеќи, божествено и светло да празнуваме“ (седален на Утрена на св. вмч. Георгиј).

 

На 07.05.2017 година, ден по празникот на светиот вмч. Георгиј, во Неделата на раслабениот, според вековната традиција во Струга, верниот народ уште еднаш се собра да го прослави великиот маченик, кој со својата славна смрт се вброи во диптихот на свидетелите на Христовото Воскресение. Прославата започна утрото, кога во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, протоереите Никола Христоски и Темелко Донески, свештениците Васко Голабоски и Петре Бојчиноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое се задржа на евангелскиот настан за чудото со раслабениот, а посочувајќи го гревот како причина за сите наши духовни и телесни болести. Оваа Литургија, како и секоја друга, беше значајна за сите нас, но ќе остане особено запаметена за свештеникот Васко Голабоски, старешина на храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга, кој од раката на нашиот Митрополит Тимотеј, беше одликуван во протоерејски чин, поради неговите несебични залагања во враќањето на имотот на МПЦ-ОА во Струга, долгогодишната успешна организација на Еордијата во Струга, како и поради неговиот успех на сите полиња како парохиски свештеник и старешина на струшкиот храм. Од името на Митрополитот, свештенството и монаштвото од нашата епархија, како и од сиот верен народ, му го честитаме протоерејскиот чин на отец Васко, со молитви уште долги години верно да Му служи на Бога и на светата Македонска православна црква.

Повеќе...
Страница 6 од 154

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1