На 26.10.2023 година, во навечерието на празникот на преп. Параскева- Петка, во храмот "Св. Јован Крстител" во Џилонг, Австралија, беше отслужува Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско- кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Чедомир Илиевски и Ефтим Бетински, игуменот Гаврил, свештеникот Јован Димитров од Руската задгранична црква и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост. На крајот, Митрополитот Тимотеј оствари и кратка средба со членовите на Управата на црквата, на која се разговараше за повеќе прашања од животот на Црквата и оваа наша православна општина.

Повеќе...

На 19.10.2023 година, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј оствари средба со Неговото Преосвештенство Епископот Дамаскин, викарен Епископ на Сучавската епархија од Романската православна црква. Средбата помина во духот на братската православна љубов, а беа разменети повеќе гледишта и прашања од секојдневниот живот на Црквата.

Повеќе...

„Топла и непобедлива застапнице, надеж сигурна и непосрамена, бедему и покрове и пристаниште на оние што прибегнуваат кон тебе, Приснодево чиста, Синот твој и Бог моли Го со ангелите, на светот да му даде мир и спасение, и милост голема“ (седален по трета песна на Утрена на празникот Покров на Пресвета Богородица).

 

На 14.10.2023 година, на денот кога го прославуваме празникот Покров на Пресвета Богородица, во капелата во Митрополитсклата резиденција во Охрид, посветена на овој празник, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Димче Ѓорѓиески, свештеникот Горан Ставрески и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Си воскреснал од мртвите, Животе на ситем и ангел светол им викаше на жените: Престанете со солзите, благовестете им на апостолите, повикајте пеејќи: Воскресна Христос Господ, Кој благоволи, како Бог, да го спаси родот човечки“ (седална воскресна стихира, глас 8-ми, во Недела на Утрена).

 

На 01.10.2023 година, во Седумнаесеттата недела по Педесетница, и на празникот на Сите македонски светии, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на храмот „Преп. мч-чка Параскева (Петка) Римјанка“ во село Требеништа, општина Дебрца, Охрид. Храмот започна да се гради во 2014 година, по иницјатива на Слободан и Благоја Дуклески од с. Требеништа, како и со заложбите на Црковниот одбор од селото. Истиот се изгради со донациите на локалното население, на требенишката дијаспора, како и на сите добронамерни верници. По осветувањето, беше отслужена и првата света Литургија во новоосветениот храм, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме. 

Повеќе...

„Овци словесни на Јагнето и Пастирот, на огнот и на лути маки бевте предадени, и се покажавте како рамни по чест на ангелите. Затоа сите ние со весели срца го празнуваме вашиот свет спомен, богомудри девици“ (седален на Утрена на празникот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија).

 

На 30.09.2023 година, денот кога го прославуваме споменот на светите маченички Вера, Наде и Љубов и мајка им Софија, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Имврос и на Тендос г. Кирил, од Вселнската патријаршија, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Александар Димоски, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, еромонахот Григориј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост, а потоа и се заблагодари на Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, кој благослови денеска да го испрати како свој претставник Митрополитот Кирил, за заедно да сослужуваме во овој наш древен храм, посветен на Премудроста Божја, а по повод денешниот празник. Митрополитот Тимотеј се заблагодари и за сета досегашна ангажираност и волја со љубов да се разреши нашето црковно прашање, а изрази и надеж дека Вселенскиот Патријарх и понатаму сесрдно ќе се ангажира за целосно признавање и сеопшто прифаќање на нашата света Македонска православна црква - Охридска архиепископија. На оваа благодарност возврати Митрополитот Кирил, кој  рече: Вселенскиот Патријарх ги пренесува својата братска љубов и прегратки, лично до Митрополитот Тимотеј, и му ја пренесува целата почит, која сите во Фанар ја имаат за нашиот Митрополит. Денешните доблести и славенички, Вера, Надеж и Љубов, ги препознаваат во нашиот Митрополит, кој е облечен со мудрост, и се молат да продолжи по истиот пат како и досега, да се залага за издавање на Томос за автокефалност од страна на Вселенската Патријаршија. Митрополитот Кирил му предаде на нашиот Владика копија од иконата Достојно ест, најчудотворната икона на Пресвета Богородица на Света Гора, која од задната страна има потпис од протоепистатот и од сите сегашни епистати од управата на Света Гора, и го замоли нашиот Митрополит да ја прифати како покана за заедно да ја посетат Света Гора Атонска. Тој додаде и дека патот што ѝ претстои на нашата света Црква е трнлив, но верува, исто како и Неговата Сесветост Патријархот Вартоломеј, дека сето тоа ќе се надмине со помош на нашиот Митрополит Тимотеј.   

Повеќе...
Страница 9 од 277

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5