На 20.02.2017 година, на денот кога го празнуваме споменот на светиот Партениј Лампсакиски, а по повод именденот на архимандритот Партениј, игумен на Бигорската обител, во манастирот беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, архимандритот Партениј, протоереите Никола Христоски и Митре Попоски, еромонасите Доситеј, Макариј и Кирил, свештениците Илија Поп Гонов, Миле Алексоски и Павел Крцоски, протоѓаконите Дени Насков и Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. По завршувањето на Лиургијата, беше осветено коливото, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која подолу интегрално ви ја пренесуваме. Од името на свештенството, монаштвото и верниот народ од нашата епархија му го честитаме именденот на архимандритот Партениј, со молитви кон Бога за крепко здравје, бодар дух и љубов, за уште долги години да го води повереното паство и да го унапредува монашкиот живот во доверените му духовни светилишта.

Повеќе...

„Како Бог, не одвојувајќи се од прегратките на Отецот, Ти благоволи да примиш тело и, држен во прегратките на Приснодева (Марија), си се предал во рацете на Богопримецот Симеона, Ти, Кој во Своите раце ја држиш сета вселена. Затоа тој викаше радосно: Сега го отпушташ во мир Твојот слуга, бидејќи Те видов, Владико“ (хвалитна стихира на Утрена на Сретение на Господа Исуса Христа).

 

На 15.02.2017 година, на денот кога го прославуваме великиот празник Сретение на Господ Исус Христос, на денот кога нашиот Спасител беше носен на старечките раце од праведниот Симеон, во храмот „Успение на Пресвета Богородица- Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме. ж

Повеќе...

Нa 14.02.2017 гoдинa, вo хрaмoт "Св. Петкa" вo Кaвaдaрци, a нa пoкaнa oд нaдлежниoт Митрoпoлит Агaтaнгел, беше oтслуженa светa aрхиерејскa Литургија, нa кoјa чинoнaчaлствувaше Негoвoтo Висoкoпреoсвештенствo Митрoпoлитoт Дебaрскo-кичевски г. Тимoтеј, вo сoслужение нa Митрoпoлитoт Пoвaрдaрски г. Агaтaнгел, Митрoпoлитoт Брегaлнички г. Илaриoн, кaкo и нa повеќе свештенoслужители. Пo завршувањето нa Литургијата, Митрополитот Тимoтеј се обрати кон верниците сo пригoднa беседa, кoјa интегрaлнo ви јa пренесувaме.

Повеќе...

На 12.02.2017 година, во Неделата на блудниот син и на празникот на светите Три Светители: свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов и свети Јован Златоуст, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Петре Бојчиноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

На 04.02.2017 година, на празникот на светиот апостол Тимотеј, а по повод именденот на нашиот Митрополит Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Никола Христоски, свештениците Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Владо Недески се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое се задржа на животот на светиот апостол Тимотеј, на подвигот и жртвата на апостолите, кои подоцна се отсликуваат и врз епископите како нивни верни наследници. Отец Владо, во името на верниот народ и свештенството, му го честита именденот на нашиот духовен возглавител, со желба и молитва Господ да му дава сила и мудрост и да биде син на верата, онака како што и светиот апостол Павле го нарече апостолот Тимотеј. Потоа беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на своите верни чеда. Од името на сето свештенство, монаштвото и верниот народ од нашата Епархија, му го честитаме именденот на Митрополитот Тимотеј и се молиме на Господа уште долги години да го слави овој ден и мудро и верно, како и досега, да го води нашиот народ. На многаја лета, Високопреосвешптени Владико!

Повеќе...
Страница 10 од 151

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Август 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6