„Колку е беден Јуда! Гледајќи ја блудницата како нозете ги целива, тој размислуваше како со измама и со целив да Го предаде (Господа). Таа косата си ја одврзува, а тој со јарост се врзува, наместо миро, носејќи ја одвратната злоба, зашто зависта не знае да го претпочита полезното. О бедо Јудина! Од неа избави ги, Боже, душите наши“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во светата и Велика среда).

 

На 12.04.2017 година, во Светата и велика среда, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, свештениците Горан Ставрески и Владо Недески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Nike footwear | nike
Повеќе...

„Над Твојот пријател, Христе, тајно лееш солзи, и од мртвите го подигнуваш Лазара кој лежеше мртов, покажувајќи го Твоето човекољубиво сострадание: а кога дознаа за Твоето доаѓање, Исусе, мноштво дечиња излегоа денес, држејќи во рацете гранки и пеејќи Ти: Осана, благословен си Ти, Кој дојде светот да го спасиш“ (седален на Утрена на Цветници).

 

На 09.04.2017 година, во Неделата пред Велигден, кога го празнуваме празникот на влегувањето на Господи Исус Христос во Ерусалим - Цветници, во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереите Никола Христоски и Стевчо Тошевски, свештеникот Ристо Камбуроски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Nike Sneakers | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp
Повеќе...

„Преславната тајна што се однесува на тебе, веќе ни ја откри капината која остана неизгорена, кога го прими пламенот, Благодатна и сепеана, зашто, и по раѓањето, ќе останеш чиста и секогаш Дева“ (песна од Канонот на Благовештение на Пресвета Богородица).

 

Денеска Слово Божјо слезе на земјата, благовестено преку ангелот Господв, кој на Пресветата Владичица и кажа јасно: ти ќе Го примиш Создателот во утробата и незименливо ќе Го родиш. Радувај се чиста и благословена, преку која се обнови созданието; радувај се Невесто неневесна.

 

На овој блажен празник на Благовештението на спасителната вест за сето создание, на 07.04.2017 година, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески, Владо Недески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати пред многубројните верници со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Best Sneakers | New Balance 530 Til Kvinder, hvid - MR530SG
Повеќе...

„Желна да го видиш Крстот, со просвештението на Крстот си се озарила, Марие, и со еден знак на Оној што на Крстот се прикова, како Него се распна за светот и ти, која за восхит си достојна“ (песна од Канонот на Утрена во Петта недела од Великиот пост).

 

На 02.04.2017 година, во Петтата недела од Великиот пост - Недела на преп. Марија Египетска, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Љупчо Симиџиески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Nike Sneakers | Yeezy Boost 350 Trainers
Повеќе...

„Јазикот на беседниците не може со песна да те прослави, Владичице, зашто повисоко од серафимите си се издигнала откако Го роди Царот Христос. Него моли Го овој народ да се избави од многуте искушенија“ *песна од Канонот на Акатист на Пресвета Богородица).

 

На 31.03.2017 година, во петокот од Петтата седмица на Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужен последниот Акатист на Пресвета Богородица во овој Велики пост, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски и свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски. По завршувањето на Акатистот, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

trace affiliate link | NIKE
Повеќе...
Страница 133 од 277

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5