„Чудесен Илија, ти се удостои за богојавление и за пророштва, како и великиот Мојсеј, помазувајќи со Духот пророци и цареви. Беше созерцател и на славата Христова на Таворската Гора, и пееше: Благословен си, Боже, на нашите татковци“ (песна од канонот на Утрена на свети пророк Илија).

 

По Божјата милост и допуштение, еве и оваа година го прославивме светиот и славен пророк Илија, разобличителот на гревот, ангелот на земјата, кој повторно ќе дојде да сведочи за Второто Христово пришествие. Почитуван како ревносен исполнител на заповедите Божји и борец за правда, празникот на светиот Илија станал и симбол на нашата верска и национална борба за слобода.

Best Nike Sneakers | BAPE adidas Superstar Green Camo GZ8981 Release Date - SBD
Повеќе...

На 24.07.2016 година, во Петтата недела по Педесетница и на празникот на св. вмч-чка Ефимија и преп. мч. Никодим Елбасански, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј изврши осветување на новиот храм „Вознесение Христово“ во с. Локов, Струга. Храмот започна да се гради во 2010 година, а се изгради по иницијатива на локалното население, а со донациите на сите локовчани, како и на сите добронамерни верници од пошироката околина и од дијаспората. Откако беше осветен храмот, според црковниот устав, се отслужи и првата Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Васко Голабоски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Best Nike Sneakers | Zapatillas de running Nike - Mujer
Повеќе...

На 17.07.2016 година, во Четвртата недела по Педесетница и на празникот на свети Андреј Критски, преп. Андреј Рубљов и преп. Марта, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, еромонахот Доситеј, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески и Ѓорѓи Балжевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

Nike Sneakers | Nike Off-White
Повеќе...

„Откако станавте синови Божји преку заедничарење, Козмо и Дамјане, сега со вера го најдовте наследството на Отецот, небесната наслада, и вистинското светло дејство на чудесата, и викате: Сите дела Господови, благословете Го Господа!“ (песна од Канонот на Утрена на светите бесребреници Козма и Дамјан).

 

На 14.07.2016 година, денот на блажениот спомен на светите бесребреници Козма и Дамјан, во манастирот „Св. Козма и Дамјан“ („Св. Врачи“) во с. Опеница, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештеникот Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Adidas footwear | Sneakers
Повеќе...

„Ве величаме вас, апостоли Христови Петре и Павле, кои целиот свет го просветливте со своите учења, и ги приведовте кон Христа сите краишта (на вселената)“ (Величание на Утрена на светите славни и првоврховни апостоли Петар и Павле).

 

На 12.07.2016 година, денот кога го прославуваме споменот на светите славни, сефалени и првоврховни апостоли Петар и Павле, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Стевчо Тошевски, свештениците Александар Матески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме. 

Running sports | Nike Wmns Air Force 1 07 Essential White Silver Gold Women Casual , Cellmicrocosmos Marketplace
Повеќе...
Страница 146 од 277

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5