На 11.05.2016 година, Митрополитот од Грчката православна црква на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, г. Дамаскин, заедно со повеќе свештенослужители и верници од својата Епархија, беше на поклоничко патување на светите места во вториот Ерусалим - Охрид. При својата посета, во просториите на Митрополитскиот административен центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, Митрополитот Дамаскин оствари и неофицијална средба со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Притоа, Митрополитите пријателски поразговараа на различни теми од секојдневниот живот и си разменија пригодни Пасхални подароци.

Buy Kicks | New Balance 991 Footwear
Повеќе...

„Христос му велеше на Тома: Допри Ме, бидејќи сакаш; стави ја раката и сфати дека имам коски и земно тело, и не биди неверен, туку заедно со другите увери се! А тој извика: Ти си мојот Бог и Господ! Слава на Твоето Воскресение!“ (хвалитна стихира на Утрена на Томина недела).

 

На 08.05.2016 година, во Неделата на антипасха - Томина недела, како и на празникот на св. ап. Марко, во храмот „Св. Никола Чудотворец“ во Долна Маала, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Сашо Ристески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Nike air jordan Sneakers | Footwear
Повеќе...

„Не сметајќи ја за ништо привремената убавина, си поднел различни маки, радувајќи се, Георгие, со надеж во божествениот живот. Пренебрегнувајќи ги страшните измачувања, со цврста душа си говорел: Дела Господови, пејте Му на Господа, и превозносете Го во сите векови“ (песна од Канонот на Утрена на св. вмч. Георгиј).

 

Откако го прославивме светиот великомаченик Георгиј, според одамна востановената традиција во Струга, празнувањето продолжи и ден потоа, на 07.05.2016 година. Празнувањето на Великиот Георгиј, започна во утринските часови, во храмот „Св. вмч. Георгиј“, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Петре Бојчиноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, со кое ги поучи верните дека секој кој сака да земе учество во Воскресението Христово, треба да земе и учество во Неговиот Крст. 

Mysneakers | adidas Yeezy Boost 350
Повеќе...

„Маченику Христов, страдалнику, спаси ги оние што се во напасти, со твоите молитви избавувајќи ги од секаква беда и, изгонувајќи секаква лута душегубна тага, благодат и милост за нас испроси ни; та, спасени со твоите молитви, радувајќи се, сите да ги почитуваме твоите чесни подвизи, Георгие“ (хвалитна стихира на Утрена на свети вмч. Георгиј).

 

На 06.05.2016 година, на Светли Петок и на празникот на св. вмч. Георгиј - Ѓурѓовден, во манастирот „Св. вмч, Георгиј“ во Рајчица, Дебар, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоерејот Никола Христоски, еромонасите Доситеј, Макариј, Ефросиниј и Кирил, свештеникот Благоја Спироски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светлата седмица и беше прекршен празничнииот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sportswear free shipping | Nike Air Max 270
Повеќе...

„Господи, како што си излегол од запечатениот гроб, така си влегол и низ заклучените врати при Твоите ученици, покажувајќи им ги телесните страдања што си ги поднел, долготрпелив Спасителе. Како Давидов потомок си претрпел рани, а како Син Божји си го ослободил светот. Голема е Твојата милост, недостижен Спасителе, помилуј нè, и спаси нè“ (хвалитна стихира на Утрена на Светли Четврток).

 

На 05.05.2016 година, во Четвртокот од Светлата седмица, во манастирот „Св. Јован Богослов“ -Канео во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

buy shoes | New Balance 530 "White" MR530SG - MR530SG
Повеќе...
Страница 151 од 278

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3