"Откако умртви секое сладострастие на телото пропадливо, премудри, со пост си ги оживеал движењата на твојата душа и неа си ја покажал како божествен орган на Божјата наука." (Канон на светителот)

Овој син на божествената и незаодна светлина, светиот Григориј Палама, навистина вистински Божји човек и чудесен слуга, служител на божествените тајни, од најрана младост предавајќи се на најстроги подвизи, пост и истрајна молитва, успеа да ги победи демонските напади и стана избран сад на даровите на Духот Божји. Затоа Божјата Црква неслучајно ја посветила втората недела од Светиот пост токму на овој голем подвижник и чудотворец, кој немилосрдно борејќи се со своите страсти и воздржувајќи се од секакво угодување на телото, за својот труд беше награден од Бога и беше избран за сад на благодатта, заштитник на верата и проповедник на божествената светлина. Преку неговиот светол пример Црквата како мајка нè советува да го прегрнеме светиот пост, да се учиме на воздржание, да стремиме кон добри дела, бидејќи секој наш дури и најмал труд ќе биде награден од Господа и ние ќе се удостоиме за најголемиот дар - да Го видиме Христа во нашето срце.

 

Повеќе...

На 15 април, (Велика Среда), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид се отслужи Литургија на Претходноосветените дарови. Со светата Литургија чиноначалствуваше Владиката Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, протојереј Сашо Богданоски и ѓакон Димче Азески.

Повеќе...

На 08 март 2009 година, во Неделата на Православието, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во црквата свети Никола – Геракомија во Охрид, во сослужение на повеќемина свештенослужители од охридското архиерејско намесништво, отслужи света божествена Литургија.

Повеќе...

На 07 март 2009 година, Тодорова сабота, во црквата „ Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, Владиката г. Тимотеј, во сослужение на протојереј Сашо Богданоски, свештеник Игор Никовски и ѓаконите Димче Азески, Николче Ѓурѓиноски, Владо Недески и Васко Голабоски, отслужи света божествена Литургија. Верниот народ, подготвен со пост и молитва пристапи кон Светиот Путир, примајќи го телото и крвта на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Поттикнат од љубовта и грижата за спасение на своето словесно стадо, Владиката произнесе боговдахновено слово кое интегрално Ви го пренесуваме:

Повеќе...

На 06 март 2009 година, во попладневните часови во првиот петок од Великиот пост, во црквата "Света Богородица - Каменско" во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј отслужи Мало Повечерие со првата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица.

Согласно Цариградската пракса, Акатист кон Пресвета Богородица за време на Великиот пост се служи првите четири петоци, и во секој од петоците се отслужува по една статија од Акатистот, кој е поделен на четири статии во рамките на Канонот, додека, пак, во петтата недела од Великиот пост се служи целиот Акатист.

По завршувањето на богослужбата, Владиката г. Тимотеј, кон верниот народ се обрати со поучно слово кое интегрално Ви го пренесуваме:

Повеќе...
Страница 153 од 160

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Февруар 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 1