„Воздивни сега, душо моја несреќна, и повикај кон Христа: Господи, Кој заради мене доброволно осиромаши, мене, кој се лишив од секое добро дело, збогати ме со богатството на добри дела, како добар и единствен многумилостив“ (песна од Канонот на Утрена во Неделата на блудниот син).

 

На 28.02.2016 година, во Неделата на блудниот син и на празникот на св. ап. Онисим, преп. Евсевиј и св. Ефросинија и Пафнутиј, а по повод 40 години од упокојувањето на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Методиј, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритот Нектариј, игуменот Агатон, протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконите Антонио Дујовски и Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Васил Ристовски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен и Парастос по повод 40 години од упокојувањето на Митрополитот Методиј, а Архиепископот Стефан се обрати кон многубројните верници со пригодна беседа.

trace affiliate link | Aimé Leon Dore x New Balance 550 'Red' — Ietp
Повеќе...

„Страдалнику Харалампие, ти се покажа како столб на Црквата, неизгаслив светилник на вселената и, откако болсна посветло од сонцето, ја прогонуваш идолската темнина; славен маченику, моли Го Христа Бога, да ни дарува милост голема“ (седален на Утрена на свети маченик Харалампиј).

 

На 23.02.2016 година, денот кога го прославуваме споменот на светиот маченик Харалампиј, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блжевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, според вековната традиција, беше осветен медот, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верниците. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата, со која Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо.

latest Nike release | adidas Campus 80s South Park Towelie - GZ9177
Повеќе...

На 19 и 20 февруари 2016 година, во манастирот „Св. Јован Крстител - Бигорски“, а по повод именденот на игуменот на манастирот, архимандритот Партениј, беше свечено прославен споменот на светиот Партениј Лампсакиски. Празнувањето започна со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоерејот Веле Спиркоски, еромонасите Доситеј, Макариј и Кирил, свештениците Дејан Секулоски, Димче Азески, Васко Голабоски и Бобан Митевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. По завршувањето на Вечерната богослужба, архимандритот Партениј се обрати кон верниците со пригодно слово.  

 

Прославата продолжи утредента со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј и Кирил, свештеникот Миле Ангеловски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Порфириј. По завршувањето на Литургијата, беше осветено празничното коливо, а се отслужи и панихида по повод 140 години од упокојувањето на преподобниот Партениј Зографски. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Buy Sneakers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News
Повеќе...

„На земјата си се подвизавал борејќи се со непријателите, кои те принудуваа на измама и богоборна лага; а на небесата, Трифуне, се насладуваш носејќи венец, и ликуваш со ангелите пеејќи: Свештеници, запејте! Луѓе, превозносете Го Господа во вековите“ (песна од Канонот на Утрена на св. маченик Трифун).

 

На 14.02.2016 година, на денот кога го празнуваме Претпразненството на Сретение, како и споменот на светиот маченик Трифун, со благослов и покана на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, беше отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерите Киро Ристов, Никола Христоски, Воислав Ѓорѓиев и Мартин Деневски, протоѓаконите Влатко Стојменов, Николче Ѓурѓиноски и Васил Ристовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет, а потоа, според традицијата, беше закроено и лозјето. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме. 

jordan release date | Nike
Повеќе...

На 13.02.2016 година, во просториите на Митрополитската резиденција на Плаошник во Охрид, беше одржан редовниот состанок на Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија. На состанокот беше усвоена Завршната сметка на Епархијата за 2015 година, а беше прифатен и Предлог буџетот на Епархијата за 2016 година. Освен овие тековни прашања, на состанокот беа разгледани и повеќе пристигнати акти и писма, а се расправаше и за повеќе проблеми и прашања од секојдневниот живот на Дебраско-кичевската епархија.

Running Sneakers Store | Sneakers
Повеќе...
Страница 155 од 277

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5