„Со силата на божествените зборови, си ги поразил мрачните ереси; си ги потопил сите напади Евномиеви, а на луѓето си им проповедал дека Бог е Дух, и со кревањето раце си ги умртвил вразите; си го протерал сето Савелиево служење и си ги уништил сите мудрувања Несториеви. Светителу Василие, моли се на Христа Бога, да им даде прошка на гревовите на оние што со љубов го празнуваат твојот свет спомен“ (седален по полиелејни псалми на утрена на св. Василиј Велики).

 

На 14.01.2018 година, на денот на празникот Обрезание по тело на Господ наш Исус Христос и споменот на светиот Василиј Велики, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Сашо Целески и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен Молебен за Новата година, во кој се помоливме за прошка на гревовите во изминатата година и за благослов, мир, здравје, спасение и благодат во годината што ни претстои. Со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Горан Ставрески се обрати кон многубројниот верен народ со пригодно слово, во кое ја објасни суштината на празникот и величината на светиот Василиј. На крајот, на сите дечиња кои учествуваа во светата Литургија, Дедо Владика им подари пакетче, како и мала сликовница - Василопита, во која накратко е објаснета суштината на традиционалното кршење на лепчето со паричка.

Повеќе...

„Од устата што Го проповедаше Бога, првомаченикот пушти дожд од зборови врз убијците, но под дождот од безбројни камења што тие ги фрлаа врз него, тој го прими венецот на победниците“ (песна од Канонот на Утрена на св. првомаченик и архиѓакон Стефан).

 

На 09.01.2018 година, на денот на споменот на светиот апостол, првомаченик и архиѓакон Стефан, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерјска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Петар Бојчиноски, Павел Крцоски и Александар Димоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа кон верниот струшки народ, која ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...

„Оној што пред ѕвездата Деница се роди од Отецот без мајка, денес на земјата се воплоти од тебе без татко. Затоа ѕвездата им благовести на Мудреците, а ангелите со пастирите го воспеваат твоето неискажливо раѓање, Благодатна“ (кондак на Утрена на Собор на Пресвета Богородица).

 

На 08.01.2018 година, на денот на празникот Собор на Пресвета Богородица, во храмот „Пресвета Богородица - Челница“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

Раѓањето на нашиот Спасител со голема и искрена радост беше прославено и од устите на дечињата од свештенството од нашата Епархија. На денот на Рождеството Христово, во просториите на административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј приреди прием за свештенството од нашата епархија, а особено се израдуваа најмладите, кои му го честитаа Божик на Дедо Владика, а тој, како вистински духовен татко, им подари пакетчиња и од сѐ срце им возврати на нивниот поздрав: Христос се роди!

Повеќе...

„Денес Христос се раѓа во Витлеем од Дева, денес Беспочетниот влегува во времето, и Словото се воплотува: силите небесни се радуваат, и земјата со луѓето се весели; Мудреците Му принесуваат дарови на Господа, а пастирите Му се восхитуваат на Родениот, а ние непрестајно викаме: Слава на Бога во висините и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја“ (хвалитна стихира на Утрена на Рождество Христово - Божик).

 

Радувајте се луѓе, Словото стана тело и Дева Го роди Бога и сета твар се радува. Затоа сите да Го прославиме Бога со сето свое срце, зашто се удостоивме за Светлата Вистина, Која ни дарува ослободување од темнината и смртната сенка.

 

На овој торжествен и радосен ден, на празникот на светлото Рождество Христово - Божик, на 07.01.2018 година, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прочитано Божикното послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во кое заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, им го честита празникот на сите верни чеда на нашата света црква. Истото во продолжение ви го пренесуваме во целост.

Повеќе...
Страница 1 од 159

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јануар 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1