Празникот посветен на овоплотувањето на Второто лице од св. Троица, Бог Син, преку раѓањето во тело од Дева Марија, познат како Рождество Христово – Божиќ, торжествено со празнични богослужби се прослави во сите храмови во Дебарско-кичевска епархија. Во предвечерието на Божиќ, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во црквата посветена на светите апостоли Петар и Павел во Кичево, во сослужение на повеќемина свештенослужители, а во присуство на многуброен верен народ отслужи празнична вечерна богослужба и ги освети бадниковите гранчиња. Утредента, на Божиќ, во црквата свети Никола – Геракомија во Охрид, Владиката отслужи света Литургија на која верниот народ кој со пост и молитва се приготвувал се причести со Телото и Крвта на нашиот Спасител Господ Исус Христос. На 08.01. Митрополитот г. Тимотеј служеше Литургија во манастирот посветен на св. Пантелејмон и св. Климент на Плаошник. На 09.01, денот кога Црквата го празнува споменот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, во црквата св. Георгиј во Струга, Владиката служеше света Литургија.
ХРИСТОС СЕ РОДИ !!!
НАВИСТИНА СЕ РОДИ !!!
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
- Детали