На празникот на светиот апостол Тимотеј, небесниот покровител на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, се служеше празнична света, божествена Литургија во Плаошкиот манастир „Свети Климент и Свети Пантелејмон“ во Охрид.
Согласно зборовите на богоносецот Игнатиј, антиохискиот епископ: „Каде што е епископот, таму е и Црквата“, свештениците и верниот народ, собрани околу својот епископ, присуствуваа на заедничкото литургиско собрание, принесувајќи му слава и благодарност на милостивиот и човекољубив Бог за сите Негови добрини, како и за тоа што ни дарил онаков Пастироначалник за каков што читаме во Светото писмо: „Јас сум добриот Пастир; и ги знам Моите, и Моите Ме знаат Мене“.
best Running shoes | NIKE Chaussures, Sacs, Vetements, Montres, Accessoires, Accessoires-textile, Beaute, Sous-vetements - Livraison Gratuite
По светата Литургија Митрополитот, заедно со свештенослужителите и верниците го освети и прекрши празничниот колач. Потоа сите присутни, редум пристапија и му го честитаа именденот на својот Владика.
На многаја лета, Високопреосвештен Владико!