Вечерта на 1 март 2009 на Прочка, во храмот "Успение на Пресвета Богородица - Каменско" во Охрид, се отслужи вечерна богослужба. По завршувањето на богослужбата, пред самиот чин на простување, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј кон собраниот верен народ се обрати со поучно слово кое интегрално Ви го пренесуваме:
Nike air jordan Sneakers | THE SNEAKER BULLETIN
Митрополит Тимотеј
Почитувани оци и драги браќа и сестри,
Секојдневно сме сведоци на разните искушени-ја и тешкотии со кои се соочуваме во нашите жи-воти како верници и свештенослужители и согле-дуваме дека не сме ни одблизу верни кон Христа, колку што можеме да бидеме.
Во оваа единствена вечер, слушајќи ги пасха-лните химни повикани сме да направиме духовно откривање, да вкусиме поинаков живот и однос со луѓето - живот чија суштина е љубовта. Затоа нашиот Господ и Спасител во Евангелието според Марко им говори на своите ученици: "Проштевајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот Отец небесен да ви ги прости вашите гревови" (Марко 11:25). Преподобен Авва Исаиј вели: Овие зборови се страшни, затоа, ако твоето срце не е чисто кон сите, тогаш не проси ништо од Бога, зашто тогаш го ожалостуваш Бога кога, бидејќи грешен и имајќи нешто против твојот брат, кој е сличен со тебе, Му говориш на Оној што ги испитува и знае човечките срца: Прости ми ги моите гревови, како што и јас им ги прошевам на оние кои ми погрешиле.
Ако сакаме вистински со својот ум да му се помoлиме на Бога, во Светиот Дух, со чисто срце, пред да почнеме да се молиме, сите ние да ги испитаме своите срца дали во нив има нешто против некого и, ако не е чисто, тогаш греши оној што се моли, зашто Бог нема да ја послуша неговата молитва. Кога не сме со чисто срце нашиот ум не се моли, туку по обичај и по навика извршува молитвено правило. Да го испитаме својот ум и да видиме што има во него, така што кога ќе му се молиме на Бога за да не помилува, и ние да бидеме милостиви спрема оние кои бараат милост од нас. Милоста Божја е скриена во милостивоста кон нашиот ближен. Ако се сметаме за ученици Христови, секого треба да го сакаме искрено, зашто само вистинските Христови ученици ја одржуваат љубовта континуирано се до крајот. И кога веќе бараме од Бога да ни ги прости гревовите, тогаш и ние треба да им простуваме на оние кои ни згрешиле, кога му се молиме на Бога за своите пре-грешенија, да не ги спомнуваме прегрешенијата направени кон нас.
Почитувани верници,
За да живееме квалитетен христијански живот, треба да научиме да живееме во простувањето, во благословувањето на оние кои направиле престап и ни згрешиле. Понекогаш тоа претставува голема тешкотија во нашата заедница и сите ние го имаме воочено тоа. Треба да бидеме способни да ги благословуваме оние кои не повредуваат, и да просту-ваме на оние кои не навредиле или ни направиле лошо. Православната љубов е безусловна, некон-диционална и затоа вистинското простување значи заборавање.
Ако треба да го правиме ова и сме го сватиле истото, тогаш никогаш не треба да имаме нешто против нашите ближни и спрема било кој човек. Во евангелието од Лука читаме: „Проштевајте и ќе ви биде простено“ (Лука 6:37).
Подвигот наш да биде во трудот и во напорот, против помислите што не измачуваат - против чувството дека сме навредени. На секое зло што ни е направено - да ја ставиме против него нашата добра желба, и своите гревови секогаш да ги имаме пред нашите очи, зашто постојано се случува да враќаме зло за зло, да навредуваме, да осудуваме, да зборуваме за гревовите на своите ближни, а во исто време да помисуваме дека во нас нема ни-што лошо. Навистина сме многу несреќни! Му се молиме на Бога да ни ги прости нашите гревови, и Бог не истрпува, не трпи се до денес, не ги објавува нашите гревови пред луѓето, а ние гневејќи се на својот ближен, на сите им кажуваме за неговите гревови и тие ги разгласуваат насекаде. Не пока-жува ли ова, сосем јасно, дека сеуште се немаме покајано за своите гревови - кога уште немаме чувство на љубов и разбирање за слабостите на на-шиот ближен.
Возљубени во Господа,
Својот гнев кон братот свој, секогаш да го изедначуваме со Божјата милост и да бидеме брзи во човекољубието и добротољубието, а спори во казната: брзи во градењето, а спори во рушењето, затоа што и Господ Бог го создаде светот за шест дена, а на Ерихон му даде седум за да се покае. Да се обидеме да ги прескокнеме ѕидините кои сме ги изградиле окулу нас исто како што Ерихон ги изгради околу својата грешност. Ако бидеме трпеливи еден со друг и Бог ќе биде трпелив со нашите гревови. Тој е вечно трпелив со нас. Ние продолжуваме да грешиме, да ја покажуваме својата себичност, а Тој продолжува да чека на нас како таткото на блудниот син. Тоа што го градиме како секојдневен однос помеѓу нас како меѓу свои ближни, треба да почива на трите вистински вредности кои се појавуваат пред нас во периодот кој следи - простувањето, постот и љубовта.
Простувањето значи заборавање на неправдата кон нас. Да гледаме во срцата наши кога си простуваме, зашто очите се слепи и ушите глуви пред гревот, како што вели Св. Јован Златоуст. Тоа значи постојано да велиме "Боже имај милост", и како што ја бараме милоста Божја за сво-ите прегрешенија, треба да ја бараме и за наше меѓусебно помирување доколку сме си згрешиле, затоа што името на Божјата правда е Милоста!
Почитувани верници,
Животните вредности, цели и принципи на Црквата не се само теорија, тие постојат за да бидат реалност. Сите ние треба да ја распнеме своја-таа неприродност која го постигнала Адама и која несомнено ќе ја одземе нашата слава и ќе не урне во вечен срам. Да ја распнеме исто како што Св. Петар им кажа на мачителите свои да го распнат со главата надолу, се со цел светиот апостолот да ни ја покаже сета човечка неприродност.
Нека Господ Бог не направи способни да растеме повеќе во овој голем ден на простување помеѓу себе, сила да преминеме преку сите меѓусебни тешкотии и недоразбирања. Ако нашето срце омекне, тогаш и ние ќе бидеме запазени од секоја злоба на нашиот брат. Да не бидеме со лукави срца и жестоки кон својот ближен, зашто сите нам ни е јасно дека сме победени од своите гревови и ако не дојдеме во состојба која одговара на Христовата природа, попусти се сите наши трудови.
Само тогаш кога ќе ја придобиеме природноста, само тогаш ќе можеме да кажеме дека сме од Христа, Божјиот Син и дека сме чеда Христови, на Кого Му прилега слава и поклонение во вечни векови. Амин!
1.03.2009 година, Прочка,
црква Света Богородица - Каменско, Охрид