На 04. 03 2009 година, во првата среда од Великиот пост, традиционално, во црквата „Света Богородица“ - Каменско во Охрид, се отслужи првата Литургија на претходноосветените дарови, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум Охридски“, свештеник Димче Ѓорѓиески, парох Варошки и ѓаконот Димче Азески, референт при Дебарско-кичевската епархија.
Sports Shoes | GOLF NIKE SHOES
На Литургијата беше присутно целото свештенство, од сите архиерејски намесништва при Дебарско-кичевската епархија, како и многуброен верен народ, кој, подготвувајќи се со пост и молитва, пристапи и се причести со Светите Дарови за духовна поткрепа во подвигот на постот.
По светата Литургија на претходноосветените дарови, во канцеларијата на црквата се одржа свештеничко собрание на ниво на Дебарско-кичевската епархија, на кое стана збор за повеќе актуелни прашања од животот на епархијата, како и на Православната црква во современиот свет.