На 24 април 2009 година (Источен Петок – Балаклија) во црквата „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, се служеше света Литургија со која чиноначалствуваше Владиката г. Тимотеј а во сослужение на архимандрит Нектариј, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, свештениците: Љупчо Симиџиоски, Ромео Петрески, Диме Ѓорѓиески и Игор Никовски, како и ѓаконите: Димче Азески, Николче Ѓурѓиноски и Владо Недески. По завршувањето на Литургијата, Митрополит Тимотеј кон верниците се обрати со поучно слово со посебен акцент за Воскресението Христово како најсуштествен настан во историјата на Црквата. Потоа во дворот на црквата се изврши мал Водосвет и се благослови и прекрши празничниот леб.
Best Nike Sneakers | Air Jordan XXX1 31 Colors, Release Dates, Photos , Gov