На 15 мај 2009 година, кога Црквата го празнува споменот на свети Атанасиј Велики (летен), во црквата посветена на свети Атанасиј која се наоѓа во непосредна близина на манастирот на свети Наум Охридски се служеше света Литургија. Со божествената Литургија чиноначалству-ваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум - Охридски“, протојереј-ставрофор Тоди Јован од Албанската Православна Црква, свештеник Игор Никовски и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски. После завршувањето на Литургијата, во дворот од црквата се изврши мал Водосвет и се благослови и освети празничниот леб.
Sports News | Marki